• Latest

Утре ќе биде потпишан анексот на Договорот со којшто Коридорот 8 влегува во мрежата на главни коридори во регионот и во ЕУ

May 15, 2023

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Утре ќе биде потпишан анексот на Договорот со којшто Коридорот 8 влегува во мрежата на главни коридори во регионот и во ЕУ

May 15, 2023 14:08
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Држава која нема коридори и енергија не може да се развива, порачаа денеска од Владата.

Како што најави на брифинг за медиумите, министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски утре во Црна Гора ќе го потпише анексот на Договорот со ЕУ со којшто Коридорот 8 влегува во мрежата на главни коридори во регионот и во ЕУ, а тоа е и еден од аргументите на Владата за користењето европско знаменце за законските измени за проектот со „Бехтел и Енка“.

Во тој контекст, од Владата ја повторија пораката за важноста од заокружување на изградбата на коридорите 8 и 10д односно на четирите автопатски делници, што ќе ги гради Бехтел и Енка.

За проектот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ не се разговарало многу на неодамнешните средби во САД на владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, бидејќи, како што велат од Владата, станува збор за проект за кој има закон, а опозицијата прави блокади  само за дневно-политички цели.

Од Владата повторуваат дека измените на петте закони се со европско знаменце бидејќи беа блокирани од опозицијата,  а во тој процес, посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ се крие зад Левица која ги поднесува амандманите.

-Законските измени ќе ја забрзаат изградбата не само на овие, туку и на други проекти од национален интерес, велат од Владата  од каде сметаат дека во некоја следна фаза финансирањето на овој проект ќе се дополни со европски средства и оти ќе се вклучат европски компании.

На средбата во Црна Гора, на којашто ќе биде потпишан анексот меѓу Северна Македонија и ЕУ, покрај министерот Бочварски, се очекува присуство на министрите за транспорт во регионот, како и на претставници на Транспортната заедница и на Европската комисија, при што ваков анекс ќе се потпише меѓу сите држави од регионот и Европската комисија.

Одлуката за потпишување на анексот со Европската унија, Владата ја донесе на седница на 10 мај годинава.

Tags: ДоговорЕУкоридорот 8мрежата на главни коридорирегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ