• Latest

Вајгл: На дел од политичарите им порачав да си обезбедат добри адвокати!

October 13, 2016
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вајгл: На дел од политичарите им порачав да си обезбедат добри адвокати!

October 13, 2016 14:44
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Избори на 11-ти декември секако ќе има, а тоа што некои од политичките партии сè уште не почнале да се подготвуваат за политичка кампања, само значи дека ќе загубат на избори“, вели европратеникот Иво Вајгл, како одговор на укажувањето на ЦИВИЛ – Центар за слобода, дека во разговор со претставниците на политичките партии во Македонија, може да се донесе заклучок дека ВМРО–ДПМНЕ не ги ни започнала своите предизборни активности во локалните партиски штабови. Како што соопшти Вајгл, овој податок го добил и тој при последната посета во Скопје.

DSC_0747

Ставот дека изборите закажани за 11-ти декември нема да се одложат, го делат и европратениците Ричард Ховит и Едуард Кукан, кои во Европскиот парламент одржаа средба со претставници на граѓанскиот сектор во Македонија, меѓу кои беше и претставник на ЦИВИЛ. Според нив, ако некоја партија одлучи да не се активира во предизборниот период тоа е нејзино право и тоа никако нема да влијае врз утврдениот датум за избори. „Отсуството на активности пред избори, исто така е активност“, е ставот на Кукан.

„Сепак, сите политички партии мора да бидат свесни дека не е доволно да се обезбедат услови за фер и демократски избори, особено важно е да се прифатат резултатите од изборите и да не се оспоруваат“, смета Вајгл.

На прашањето на ЦИВИЛ, како ќе се одрази одлуката да не се продолжи мандатот на Специјалното Јавно обвинителство, врз владеењето на правото во земјата, европратениците одговорија дека тоа е внатрешна одлука на државата и дека врз тоа не можат да влијаат. Сепак, тие се согласни дека на СЈО треба да му се овозможат услови да ја заврши работата во предвидениот мандат.

„Непродолжувањето на мандатот на СЈО, ќе влијае врз започнување на нови истраги, но истрагите кои веќе се во тек, ќе продолжат“, истакна Ховит, според кого, СЈО и покрај сите критики од дел од пратениците, покажа дека е транспарентна институција која во своите истраги е неселективна и непартиска.

„На дел од политичарите во Македонија, веќе им препорачав да си најдат добри адвокати“, вели Вајгл, кој уште еднаш безрезервно го поддржа СЈО.

Европратениците средбата ја завршија оптимистички, дека ситуацијата во Македонија по изборите на 11-ти декември, конечно ќе се подобри и нема да се повтори политичката криза во која живееме изминатите две години.

„Договорот од Пржино мора да продолжи да се имплементира и сите останати договори кои ќе се склучуваат во иднина, ќе бидат продолжување на принципите утврдени со овој договор во кој учествуваа најголемите политички партии во Македонија“, е ставот на Кукан со кого се согласни и Вајгл и Ховит.

Средбата со европратениците која се одржа на 11-ти октомври во Европскиот парламент во Брисел, е дел од проектот „Граѓанското општество за европска интеграција“, што го спроведува Центарот за меѓукултурен дијалог од Куманово.

Марија Теговска

Tags: адвокатБриселДоговор од ПржиноЕвропски парламентизбориМакедонијаполитичариСЈОЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ