• Latest

Вајгл: Осуда на секоја националистичка и воена реторика

January 19, 2017
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вајгл: Осуда на секоја националистичка и воена реторика

January 19, 2017 12:19
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Изјавите на некои лидери се исклучително загрижувачки и не можат да бидат оправдани со изборните кампањи. Секоја националистичка и воена реторика мора да биде силно осудена од сите регионални и европски лидери. Во регионот повеќе нема да има ново цртање на границите”, е последната порака која ја испрати Иво Вајгл, известувачот на Европскиот парламент за Македонија.

„Од најголема важност е да се стави крај на изјавите со кои се понижуваат соседите и фокусот да се стави врз структурните реформи кои се неопходни за економиите. Сите земји од Западен Балкан имаат исти политички и економски интереси, вклучувајќи ја понатамошна интеграција, промовирањето на трговските односи и контакти меѓу луѓето со кои ќе се лекуваат последиците на катастрофални војни во 90-тите години”, порача Вајгл.

 

Европратеникот Вајгл, кој е известувач на Европскиот парламент за Македонија, во име на групата ALDE – Алијансата на либерали и демократи за Европа во ЕП, во писмена изјава до медиумите изрази загриженост во врска со зголемувањето на тензиите меѓу земјите од Западниот Балкан, кои се случија во последниве недели. Тој ги повика лидерите на земјите од Западниот Балкан да ја задржат стабилнoста на регионот и да се фокусираат на процесот на европска интеграција. Вајгл испратил и барање до Комитетот на ЕП за надворешни работи (АФЕТ) да се разгледува ситуацијата во Западниот Балкан, на состанокот на 24 јануари 2017 години.

Не споменувајќи конкретни држави и настани, Вајгл се обрати до сите земји од регионот, со осуда за дискредитирањето на граѓанското општество.

„Ние остро ги осудуваме неодамешните напади против активистите на граѓанското општество и бараме од властите да безбедат владеење на правото и да ги изведат сите сторители на казненени дела пред лицето на правдата”, порача Вајгл.

Според него, основните права и слободата на медиумите мора да бидат заштитени, трендот за зголемување на авторитаризам во политиката мора да биде запрен, а ЕУ и понатаму силно го поддржува организациите на граѓанското општество во регионот, кои играат клучна улога во поддршката на демократските стандарди.

Tags: Балканграѓанско општествоЕУИво ВајглМакедонијаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ