• Latest

Валандово наспроти референдумот: Црна кампања на градоначалникот!

August 17, 2017
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Валандово наспроти референдумот: Црна кампања на градоначалникот!

August 17, 2017 14:46
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Помина многу време откако сè започна. Преку брда и планини, реки и мориња, беше тешко но, успеавме да им го овозможиме најдемократското право на граѓаните. Право на непосредно одлучување, референдум!

Тоа право неколку луѓе можеа со едно кревање на рака да го овозможат за пет минути. Наместо пет месеци!  И сите ќе бевме среќни и задоволни и досега ќе им ги пакувавме куферите на профитерите.

Граѓанската иницијатива „Спас за Општина Валандово” помина низ сè, за да стигнеме до недела, 20 август, денот на референдумот. Активистите поминаа низ закани за тужба, низ секакви притисоци, оцрнувања и омаловажувања, деградирање на личности и семејства, и ред други работи кои валандовчани не нѝ можеа да ги помислат, а не – да ги почувствуваат. Вакви притисоци нема ниту за парламентарни и локални избори!

Што е вистинската причина, знаат само неколкумина.

Градоначалникот остави црна дамка во историјата на Валандово, не ги поддржа граѓаните и напротив, им се спротистави на валандовчани, кои меѓу другото, го гласаа во три мандати. Не само што им се спротистави, туку и водеше активна црна кампања против граѓанската иницијатива, плашејќи ги жителите дека ќе плаќаат по 3.000 евра од домаќинство, ако успее референдумот. За да го демантираме тоа на Фејсбук страницата на иницијативата го објавивме договорот склучен помеѓу државата и инвеститорот, во кој никаде не се спомнува плаќање некакви средства, во случај на раскин на договорот. Напротив, државата може да го раскине договорот бидејќи инвеститорот ги нема исполнето неговите обврски во изградбата на рударскиот комплекс.

Црната дамка на бела кошула ќе се испере, но дамката што несовесните луѓе ќе ја остават зад себе, ќе стои долго време, и тешко кој ќе може да ја тргне од историјата.

Вечерва е последната трибина на граѓанската иницијатива и за финале го оставија градот Валандово.

Вечерва во Валандово повторно ќе се појави сјајот во очите на граѓаните од радост и среќа, вечерва повторно ќе заживеат младинскиот дух и енергија, повторно ќе направиме културата да се врати во градот.

Активистите на оваа иницијатива се пример за секој политичар како се сака својот дом. Имаа срце – планина и пред ништо и никого не потклекнаа, бидејќи го носат духот на градот. А граѓаните тоа го препознаа и го наградија со неизмерна поддршка, поддршка кој пристигнува од секаде низ светот.

„Спас за Општина Валандово” е авангарда во градот изминативе 5 месеци, нешто различно и вистинско.

Се гледаме на референдумот, луѓе со големи срца.

20-ти август, недела. ГЛАСАМ ПРОТИВ!

 

Владимир Лазов

 

Tags: ВаландовоГрадоначалникграѓаниКазандолреферендумрудникцрна дамка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ