Изборната кампања меѓу двата изборни круга не пропушти да промовира поделби, тензии, притисоци, по некој насилен акт, вербални препирања и ширење говор на омраза.
Сепак, ако се очекуваше овие случаи да бидат локализирани, „џентлменството“ на политичките лидери (и онака нема жени во големото политичко добро утро), никој да не биде изоставен, придонесе да имаат национално обележје.
Освен лидерските препукувања од говорница, па и од дебатни емисии или во изјави за медиуми, на локално ниво нотирани се притисоци во јавната администрација, говор на омраза кон опонентите и кон набљудувачите, па и кон членовите на ЦИВИЛ.
Оценката за вториот изборен круг, што се однесува до изборната кампања е дека работата и за сите е завршена, но колку и да се знае исходот, сепак, за секој случај, борбата за опстанок на политичката сцена не бира средства.
А гласачите, покрај нотираните примери, а ги има многу, за исчезнување по разни основи од Избирачкиот список, освен што треба и нивно човеково право е да гласаат по сопствен избор, би било пожелно и психички да се спремат, доколку се случи да не се најдат на фамозниот список.
За поздрав е што Државната изборна комисија конечно ги слушна безброј повторуваните барања на ЦИВИЛ да им овозможи на грааѓанките и граѓаните што се избришани од евиденцијата, за процедурално решавање случаи на неостварено гласачко право, но тоа не е оправдување за провлекување на истиот проблем со Избирачкиот список. Сѐ уште е отворена можноста некои гласачи да не можат да го остварат своето право на глас, не по своја, туку по вина на системот!
По правило, од вкупно 833.716 со право на глас во 35 општини каде во недела ќе се гласа, на сите државата треба да им овозможи да си го остварат гласачкото право. Ако во нешто можеме да бидеме сигурни, тоа е недоследноста на Избирачкиот список.
Апелот и препораките остануваат исти – неостварено гласачко право е сериозна повреда на човековите права и слободи и на фундаменталното човеково право, правото на глас.
Биљана Јордановска