„Знам дека Украина и Украинците сакаат победа, но над тоа верувам дека тие сакаат правда, бидејќи тие на никаков начин не ја предизвикаа оваа ситуација која сега ја сведочиме во нивната земја. Сепак, кога другата страна, Русија, започна оваа војна или агресија над Украина, тие ја прифатија со храброст и достоинство и херојски се борат веќе три долги години“, изјави Горан Василевски, Армиски полковник (во пензија.), поранешен началник на воената служба за безбедност и разузнавање во Министерство за одбрана, Северна Македонија, на првиот панел од меѓународната конференција „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“.
„Тие имаат потреба од поддршка на секој можен начин, но знаете, кога сте во опасност, првото нешто што го барате е помош од вашите соседи, а првиот сосед на Украина е Европа. Не велам дека сум песимист, но верувам дека кога оваа мировна форма ќе биде постигната, двете страни ќе започнат да ги реорганизираат своите сили и да се подготвуваат за нов конфликт. Зошто? Затоа што Украина веќе ја научи лекцијата, знае кој им е сосед на Исток, а од друга страна се соочуваат со понижување кое не го очекуваа на боиштето. Така што не верувам дека овој мир, без разлика на тоа како ќе биде постигнат, ќе биде одржлив на долг рок. Среќа е што европските земји се уште се на линијата дека им помагаат на Украина и според моето мислење, ова е правилниот избор“, изјави Василевски.
Б. Ј.