ВЕСТ НА ДЕНОТ: Потпишан Кодексот за фер и демократски избори на 15 јули
Претставници на политичките партии и коалиции на претстојните предвремени парламентарни избори на 15 јули во Државната изборна комисија (ДИК) потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.
И ДИК и учесниците на изборите апелираат да се почитуваат мерките за заштита од Ковид -19.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ:
„Домашната платежна картичка и ваучерите за домашен туризам, ќе го ублажат падот на економската активност и падот на бројот на ноќевања во македонскиот туризам“, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска, во гостување во емисијата Агенда 35 .
Министерката вели дека мерката е современа и системски осмислена за да стимулира безготовинско плаќање, намалување на неформална економија, купување на домашни македонски производи и услуги, а воедно ќе влее средства во стопанството за кус рок.
ФЛЕШ ВЕСТИ:
Во последните 24 часа регистрирани се 182 нови случаи на КОВИД-19, починати се 6 лица, а 33 оздравени.
Министерството за здравство соопшти дека преку систем на ротација на медицински кадар се зајакнати капацитетите во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и Градската општа болница „8 Септември“, со цел подобро и побрзо справување со коронавирусот.
Директорката на ДСЗИ, Иринка Сотирова Бухова истакна дека се регистрирани 40 големи кластери ма КОВИД-19 во државава.
Завршен е Инспекцискиот надзор за случајот со родилката – лекарка која што се породи на Гинеколошко – акушерската клиника, а која криела контакти.
Катица Јанева и Бојан Јовановски се прогласени за виновни во случајот „Рекет“, Јовановски доби затвор од 9 години, а Јанева 7 години.
Јавната обвинителка Вилма Русковска по објавувањето на пресудите за случајот „Рекет“ изјави дека не е задоволна од пресудата за Бојан Јовановски.
Претседателот на ДИК Оливер Деркоски истакна дека претстојните избори 2020 година ќе се одвиваат во исклучително сложена ситуција, пред се поради пандемија од КОВИД-19.
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска учествува на состанокот на министри за одбрана на НАТО.
Министрите Дамјан Манчевски и Арбер Адеми, ја презентираа уредбата за доделување на ваучери на млади лица за обуки за дигитални вештини.
Логото на редакцијата „СДК.МК“ злоупотребено за ширење на лажни вести
Еден од лидерите на движењето „БОЈКОТИРАМ“ на твитер шири лажна вест со фалсификувано лого на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК. Редакцијата објави предупредување дека никогаш не објавиле текст со таков наслов и дека насловот не постои на нивната медиумска платформа.
пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА
ВМРО-ДПМНЕ води агресивна и скапа кампања со месеци наназад. Од каде пари за тоа? Прашани се за тоа повеќе пати, но одговор од Белата палата нема.
Македонската десничарска растурена курбан-софра
пишува: САШО ОРДАНОСКИ
Да беа ова нормални здравствени времиња, деновиве главната политичка тема во Македонија ќе беше двегодишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа. Вака, тоа одбележување, разбирливо, е потиснато во „втор план“, со по некоја пригодна изјава на потписниците и рутински медиумски прилози од хронолошки карактер.
А. П.