ВЕСТ НА ДЕНОТ: Сите копнени гранични премини во државава од денеска се отворени
Од денеска се отворени сите гранични премини за копнен сообраќај, соопшти МВР. Македонските државјани можат да ја напуштат земјата ако при излез пополнат изјава дека државата поради пандемијата нема да може навремено да им помогне да се вратат.
За влез, македонски државјани и странци со регулиран престој треба да имаат негативен PCR тест не постар од 72 часа, ќе пополнат изјава и ќе добијат наредба за домашна самоизолација во траење од 14 дена.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Спасовски: Историја се пишува со компромиси достоинствени и прифатливи за сите страни
ФЛЕШ ВЕСТИ
Денеска се регистрирани нови 193 случаи на КОВИД-19, девет починати и 46 оздравени пациенти.
Приватните здравствени установи, ќе можат да укажуваат здравствени услуги и за коронавирус.
Владата донесе Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување за хотелите и другите угостителски сместувачки објекти, кои ќе отворат на 22 јуни.
Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека Комисијата за заразни болести денеска треба да ги разгледа новите протоколи според кои, угостителските објекти ќе може да работат и по 22 часот.
Денеска се одбележуваат две години од потпишувањето на Преспанскиот договор. Фондацијата „Фридрих Еберт“ објави дека Наградата за човекови права ја доделува на Зоран Заев.
Министерката Радмила Шекеринска денеска и утре ќе учествува на онлајн-состанокот на министри за одбрана на Алијансата.
„ДУИ шест пати ги доби парламентарните избори, и ниту еднаш не споменале за позиции за министер за финансии, министер за надворешни работи, министер за внатрешни работи, а не па за премиер!“, вели градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари за ЦИВИЛ Медиа.
ЦИВИЛ ја одбележува годишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор
Денеска одбележуваме две години од потпишувањето на Преспанскиот договор, со што се стави крај на речиси тридеценискиот спор за името меѓу двете земји.
ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи и како организација која ги застапува и промовира европските вредности, го поддржа овој важен историски чин и спроведе голем број активности за граѓанска едукација за содржината и значењето на овој Договор.
Демагогијата и политичкиот имунитет
пишува: САШО ОРДАНОСКИ
Го читам на некој од опозициските портали вчерашниот партиски став на опозицијата: „Факти на денот: Заев и Филипче се неспособни, им се случи втор пик во јуни, нема да можат да се справат со трет во септември!“
Во една малку попросто-проширена реченица, собрана целата политичка демагогија што ја следи епидемиската криза во државава.
Денот кога ја напуштивме мрачната историја
пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА
И ете, веќе две години пишуваме и говориме македонски, во македонска држава во која живеат Македонци, се разбира и сите други заедници. Не сме ФИРОМ-ци, не го говориме јазикот, некојси, на ФИРОМ, не живееме во ФИРОМ или БЈРМ држава. Тие кратенки што подразбираа припадност кон непостоечка држава, заминаа во историјата на 17 јуни 2018 година.