ВЕСТ НА ДЕНОТ: Џафери го потпиша Решението за распишување на предвремените избори
Претседателот на Собранието Талат Џафери синоќа ги потврдил измените на Решението за распишување на предвремените избори, за кои нагласи дека нема да имаат вообичаена изборна кампања.
„Тоа што е поважно и на кое ќе мораме сите да се придржуваме на најдисциплиниран начин се мерките и препораките на Министерството за здравство, со цел да се заштити здравјето и животот на граѓаните“, соопшти Џафери.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Дерала за Утрински брифинг: Подготвени сме за изборите, кампањата ќе биде валкана, некои политички структури ќе работат на намалување на излезноста
ФЛЕШ ВЕСТИ:
Во последните 24 часа се регистрирани 134 нови случаи на КОВИД-19 од вкупно 1.173 тестирања, осум починати лица и 34 оздравени пациенти.
Претседателот Стево Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од осум дена.
Владата синоќа ја донесе Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието.
За три дена во земјава пристигнува набљудувачкиот тим на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, кој ќе биде подготвен за работа од 22 јуни.
Од денеска до 18 јуни трае првото пријавување од јунскиот рок за упис во учебната 2020/2021 година.
Советот на ААВМУ усвои три подзаконски акти за изборното медиумско претставување.
Санела Шкријељ апелираше до лицата кои потпишале спогодбен отказ или дале лична изјава за прекин на работниот однос, да аплицираат во Агенцијата за вработување до 26 јуни.
ЦИВИЛ го поздрави постигнувањето на договорот за датум за предвремените парламентарни избори.
„Со овој договор ѝ се стави крај на неизвесноста, по бројните одложувања. Иако препораките на ЦИВИЛ беа последен датум да биде 5 јули, дополнителните 10 дена одложување не значат многу во споредба со барањата на дел од политичките партии тие да се одржат кон крајот на август или септември“ – се вели во соопштението на ЦИВИЛ.
пишува Сашо Орданоски
Кога ќе ги видите двата „пресудни“ услови што ги поставил лидерот на опозицијата – а кои на негово инсистирање биле исполнети! – за да се закажат избори на 15 јули, јасно е дека нечии уши, повторно, биле добро истегнати за да се закажат и овие избори во јулскиот рок, наспроти желбата на ВМРО-ДПМНЕ до нив да не дојде.
пишува Петрит Сарачини
На изборите на 15 јули, среда ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ“ .
Ова го изјави Мицкоски, човекот што го фатија жив во кафана со куп безбедњаци како крши мерки за справување со кризата, а богами и во теретани каде остава и собира опрема и отсјај.
А. П.