Алатки, цигари и облека што ги продава францускиот трговец на мало Auchan ги снабдува руските војници на украинскиот фронт, понекогаш со соучесништво на нејзината руска подружница, се вели во видео истражувањето на француски Ле Монд (Le Monde).
„Огромна благодарност до учениците од Самара. Донациите што ги собравте, стигнаа до нас“ вели човекот што се обраќа пред камерата, кон крајот на декември 2022 година.
Тој е војник на „Доњецката Народна Република“, поврзана со руската армија. Облечен во камуфлажна униформа, тој стои пред уништената зграда во Доњецк, на само 20 километри од линијата на фронтот. Околу него, десетици кутии, вреќи за спиење, камуфлажни мрежи – во амбалажа од Ошан (Auchan) и Лерој Мерлин (Leroy Merlin), два бренда во сопственост на француската групација Мулије (Mulliez).
Ле Монд, во партнерство со мрежата на истражувачи Белингкат (Bellingcat) и руската истражувачка веб страница Инсајдер (The Insider), доби пристап до интерни мејлови и изјави на очевидци во руската филијала на Аушан и верификувани фотографии и видеа објавени на социјалните мрежи.
Истражувањето покажува како стоката што ја продаваат две компании кои ѝ припаѓаат на француската трговска групација Мулие – Ошан и Лерој Мерлин – ги снабдуваат руските вооружени сили на украинскиот фронт. Во случајот со Ошан, истрагата на Ле Монд открива како северниот оддел на компанијата го организирал собирањето на производите на Ошан во Санкт Петербург за неколку десетици илјади евра, само еден месец по почетокот на војната.
Подготви: ЦМТ