• Latest
Фото: А.Мехмети / ЦивилМедиа

(ВИДЕО) Крстиновска за Цивил Медиа: Нашата демократија не е совршена, но треба да ја унапредуваме, а не да размислуваме за алтернативен систем што ни го нудат Кина или Русија

February 5, 2024

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

(ВИДЕО) Крстиновска за Цивил Медиа: Нашата демократија не е совршена, но треба да ја унапредуваме, а не да размислуваме за алтернативен систем што ни го нудат Кина или Русија

February 5, 2024 15:06
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИНТЕРВЈУ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Фото: А.Мехмети / ЦивилМедиа

Фото: А.Мехмети / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Кина има долга традиција на пропаганда, пред се наменета за домашна употреба, во текот на последните 10 години гледаме екстензија на истите тактики и стратегии кон надвор. Кинеската пропаганда во голема мера е насочена кон претставување во позитивно светло на сите кинески достигнувања, пред сè на економски план, и на технолошки план. Се разбира тука нема ништо спорно, но паралелно, Кина работи на цензурање и елиминирање на сите видови критика што се поврзани со кинеската држава, кинеската комунистичка партија, вели Ана Крстиновска од Естима, синолог и врвен познавач на приликите во кинеското општество и начините на кои делува кинеската пропаганда во интервју за ЦИВИЛ МЕДИА во рамки на проектот „Ослободи го умот“ посветено на справувањето со дезинформациите, пропагандата и хибридните закани во нашата земја и во светот.

Она што го гледаме ние е една идеализирана слика за тоа што прави Кина дома и во светот, и токму поради тоа зборуваме за пропаганда, потенцира Крстиновска.

За разликите помеѓу руската и кинеската пропаганда, Крстиновска смета дека Русија користи многу повеќе дезинформации, а целта и е да се прикаже западот како исто толку негативен како што е Русија, додека Кина сака да го претстави својот развоен модел како алтернатива на западниот развоен модел, вклучително и својот политички модел, авторитарен еднопартиски систем како алтернатива на западните демократски вредности.

Според неа, влијанието на Кина врз регионот најмногу се гледа во соработката на Кина со Србија.

Србија е единствената држава во регионот која активно соработува со Кина во областа на одбраната и безбедноста, исто и новиот договор за слободна трговија што го потпишаа има посебна глава со кој ќе се интензивира набавката меѓу Кина и Србија, вели Крстиновска.

На прашањето за влијанието на Кина во регионот преку организацијата Брикс, како една од водечките членки и нејзин основач, кој од страна на противниците на ЕУ и НАТО се заговара како алтератива добра за Македонија, Крстиновск вели:

Мислам дека кај нас недостига дебата за тоа што е Брикс, што е Кина, какво е кинеското општество, и малку лекомислено се користат различни термини ои што ги нуди Кина, како на пример мултиполарно општество, или мултиполарен свет, треба да имаме предвид дека Брикс, барем првите 5 држави основачи се релативно моќни, регионални сили, и самиот концепт на мултиполарност подразбира дека овие регионални сили си имаат свои зони на влијанија, она што нас, како држава со помалце од 2 милиона жители би требало да не интересира е мултилатерален систем, заснован на правила, бидејќи во мултиоларен систем, големите и моќни држави ги договараат правилата меѓу себе, и тоа не ретко може да биде на штета на помалите држави. Ваквите појави би можело да се превенираат преку мултилатерално делување, каде што и малите држави би имале свои глас. Во моментов, понудата за Брикс не вклучува такво нешто, и не вклучува некоја солидна алтернатива на мултилатералните организации кои што ги имаме, смета Крстиновска и додава:

Нашата демократија не е совршена, треба да ја унапредуваме во насока на подобра демократија, а не да размислуваме за некој алтернативен систем кој што ни го нудат Кина или Русија.

Во интервјуто, Крстиновска се осврна и на апликацијата ТикТок, како една од битните алатки на кинеската пропаганда, потенцирајќи дека со ТикТок ризикот е поголем, бидејќи целната публика е пред се помлади луѓе, адолесценти, тинејџери, истовремено, факт е дека ТикТок е во сопственост на кинеска компанија, и тоа дополнително ја отежнува таа глобална соработка  за заштита од дезинформации на светско ниво.

Таа посочи и на тоа дека социјалните мрежи кои што се користат кај нас, Фејсбук, Инстаграм, Твитер не се достапни во Кина, како што не се достапни и некои алатките за комуникација, како Вибер, Вац ап.

Кинезите имаат свои мрежи за комуникација и социјални медиуми кои што се кинеско производсто и подлоежат на строга цензура, и таму има огромен тим, не се знае колку илјадници луѓе работат на проверка на содржините кои се објавуваат, вели Крстиновска. Тоа на Кина и овозможува од една страна да ги пласира своите информации, својата верзија на настаните, а од друга страна да го ограничува влезот на информации од странство во Кина.

Според неа, Кина е недоволно застапена во нашиот медиумски простор и постои недоволен интерес за аналитички содржини.

Ние имаме на сите дневни вести имаме минимален интервал на меѓународни односи, и тоа е фактографско пренесување, меѓутоа немаме доволно аналитички содржини, како тоа што го прави Кина влијае врз војната во Украина, врз конфликтот на Блискиот исток, како влијаат кинеските инвестиции во нашата држава, како кина соработува со различни чинители, тоа во моментов е недоволно предмет на интерес кај новинарите, и ако тие недоволно пласираат содржини во врска со тоа, тогаш немаме информирана јавна дебата и е потешко за граѓаните да изградат свој став штое добро а што не е добро, свое мислење за Кина, за соработката со Кина, смета Крстиновска.

На прашањето за улогата на кинеската амбасада во ширењето на кинеската пропаганда кај нас, таа вели:

Кинеските амбасади во целиот свет, не само кај нас, добија насока да го Користат Фејсбук како алатка во 2019 година. Она што е имтересно во начинот на кој го користат Фејсбук е комбинацијата на она што се вика фасилитативна и убедителна комуникација. На почетокот имаат тенденции да пласираат содржини поврзани со кинескиот економски развој, со футуристички градови, со слатки панди кои Кина ги донира насекаде низ светот, меѓутоа, тоа има за цел да се обезбеди соодветен број на следбеници, за во некој момент, кога има потреба, може да се пласираат убедителни содржини, насочени кон постигнување на одредена цел на кинеската влада или кинеската комунистичка партија, тоа го видовме особено во периодот на Ковид, во тој момент Фејсбук стана моќна алатка во пласирање токму на такви информации од страна на кинеските ентитети.

Разговорот го водеше Драган Мишев

Камера, фотографија и монтажа: Ариан Мехмети

Интервјуто е дел од проектот „Ослободи го умот“, кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Амбасадата на САД. 


Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
Tags: дезинформацииКинаОслободи го умотпропагандаЦивил Медиа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ