• Latest

(ВИДЕО) Столтенберг: Нашата порака е јасна – НАТО стои со Украина! Колку што е потребно!

February 13, 2023

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

(ВИДЕО) Столтенберг: Нашата порака е јасна – НАТО стои со Украина! Колку што е потребно!

February 13, 2023 15:14
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
  • Максималната поддршка од НАТО за Украина, клучна тема и на министерскиот состанок на 14 и 15 февруари.
  • НАТО не смее да дозволи агресијата да биде наградена, бидејќи тоа би го направило светот далеку поопасно место за живеење.
  • Путин не се подготвува за мир. Тој започнува нови офанзиви.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја започна денешната прес конференција во Брисел со информација за помошта што Алијансата ја пружа за турскиот народ по разорниот земјотрес минатата недела.

„Нашите мисли остануваат со турскиот народ по разорните земјотреси минатата недела. Илјадници луѓе во состав на единиците за одговор при итни случаи од сојузниците на НАТО ги поддржуваат напорите за помош. Ви нив се вклучени и тимови за потрага и спасување, пожарникари, медицински персонал и сеизмички експерти. Покрај тоа, сојузниците на НАТО и НАТО распоредуваат засолништа за сместување на луѓето раселени од земјотресите. Ние стоиме во силна солидарност со нашиот сојузник Турција“.

Столтенберг ја одржа оваа прес конференција во пресрет на Состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО кој ќе се одржи на 14 и 15 февруари во Брисел, во, како што рече тој, „важен момент за трансатлантската безбедност.“

Прес конференција на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Брисел, 13 февруари 2023

„Ќе донесеме одлуки за зајакнување на одвраќањето и одбраната на НАТО. Ќе се осврнеме на нашиот индустриски капацитет и ќе ја зголемиме заштитата на нашата критична подморска инфраструктура.“

Воедно, генсекот на НАТО уште еднаш ја изрази максималната поддршка за Украина и најави дека тоа ќе биде клучна тема на министерскиот состанок. Тој оценува дека Путин не се подготвува за мир, туку за нови офанзиви, цела година по започнувањето на инвазијата со големи размери против Украина.

„Ќе ја засилиме и ќе ја одржиме нашата поддршка за Украина. Речиси една година од инвазијата, претседателот Путин не се подготвува за мир. Тој започнува нови офанзиви. Затоа, ние мора да продолжиме да и даваме на Украина она што и е потребно за да победи. И да се постигне праведен и одржлив мир“, изјави Столтенберг.

Тој најави дека на министерскиот состанок на 14 февруари ќе учествува и министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников, како и Контакт групата за Украина предводена од САД.

„Јасно е дека сме во трка на логистика. Клучните потреби како муниција, гориво и резервни делови мора да стигнат до Украина пред Русија да ја преземе иницијативата на бојното поле. Брзината ќе спаси животи“, изјави Столтенберг.

НАТО, според генералниот секретар, не смее да дозволи агресијата да биде наградена, бидејќи тоа би го направило светот далеку поопасно место за живеење.

„Ако Путин победи во Украина, пораката до него и до другите авторитарни режими е дека агресијата е наградена. Тоа би го направило светот поопасен. И сите нас поранливи“, изјави Столтенберг.

Прес конференција на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во пресрет на Состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел, 13 февруари 2023

Тој ги поздрави неодамнешните најави на сојузниците за нови тенкови, тешко вооружување и обука за Украина и додаде дека со нетрпение очекува понатамошни испораки.

„Нашата порака е јасна. НАТО стои со Украина. Колку што е потребно“, истакна Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО најави дека оваа недела се очекува сојузниците да се согласат да воспостават нова виртуелна мрежа на национални и комерцијални сателити.

„Ова ќе ги подобри нашето разузнавање и надзор. И ќе ги поддржува мисиите и операциите на НАТО. Тоа ќе им овозможи на сојузниците да го зголемат споделувањето на вселенските податоци со командната структура на НАТО, за олеснување на подобра навигација, комуникација и рано предупредување за лансирање проектили“, објасни Столтенберг.

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/jens-stoltenberg-13022023.mp4

Генсекот на НАТО се осврна на потребата за континуирано инвестирање во одбраната и најави дека министрите ќе разговараат за начините за одржување и засилување на трошоците за одбрана низ Алијансата.

„Ние сме на вистинскиот пат, со осум последователни години зголемување на европските сојузници и Канада. И дополнителни 350 милијарди долари потрошени досега. Очекувам дека оваа година ќе видиме дополнително зголемување на трошоците за одбрана. Треба да го задржиме моментумот“, соопшти Столтенберг.

Со тоа, вели Столтенберг, ќе се подобри безбедноста на луѓето во овој сѐ поопасен свет.

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/jens-stoltenberg-13022023-3.mp4

Во одговорите на едно од многубројните прашања, генералниот секретар на НАТО остро ја осуди Белорусија и ја нарече соучесник во нелегалната војна на Русија. Иако Белорусија не испрати свои војници во Украина, тие ја овозможија агресијата од своја територија и одржува вежби долж границата.

Џ. Дерала од Брисел

Tags: БриселЈенс СтолтенбергНАТОподдршкаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ