• Latest

Високо француско одликување за министерката Шекеринска

May 30, 2018
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Високо француско одликување за министерката Шекеринска

May 30, 2018 09:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска ќе биде одликувана со орден Командант на Националниот ред за заслуги на Франција. Високото одликување во име на Претседателот на Република Франција, на министерката Шекеринска ќе и биде врачено од министерот Женевјев Дариесек, Државен секретар на Вооружените сили на Франција,  утревечер на прием во резиденцијата на Франција во Скопје.

Како што соопшти Министерството за одбрана, орденот „Командант на Националниот ред за заслуги на Франција“ се доделува за истакнати граѓански заслуги, а воспоставен е во 1963 година од Генералот Шарл Де Гол.

Министерката Шекеринска признанието го добива поради нејзиниот особен придонес во развојот на односите меѓу Македонија и Франција, како и поради нејзината посветеност во промовирање на европските граѓански вредности во Македонија.

Одликувањето, се додава, е признание за талентот, вредностите и исклучителната храброст на министерката Шекеринска, потенцираат од амбасадата на Франција, и потсетуваат дека за време на мандатот на Шекеринска како заменик на претседателот на владата задолжен за европски интеграции, во 2005-та, Македонија од Европскиот совет го доби статусот земја – кандидат за членство во ЕУ, што претставуваше голем чекор за Македонија и позитивен сигнал за другите земји од југоисточна Европа.

– Ова одликување за мене е голема чест и  мотив да продолжам по патот што го одбрав – да и служам на мојата земја со сиот личен и професионален капацитет, сето свое знаење и енергија да ги употребам во борбата за она во што верувам – слобода, демократија, еднаквост, правда, напредок. Мојата цел е да придонесам колку што можам во зацврствувањето на европските вредности во мојата држава, Република Македонија, како рамноправна членка на НАТО и ЕУ,  во име и за подобар живот на граѓаните. Припаѓам на влада која ја врати земјата на европската и евроатлантската патека, ве уверувам дека патот на интеграцијата успешно ќе го изодиме, рече министерката во пресрет на свеченоста на одликувањето, стои во соопштението.

Министерката Шекеринска е прв политичар од Македонија што од Република Франција добива признание од овој ранг.

Орденот Командант на Националниот ред за заслуги на Франција на министерката Шекеринска ќе и биде врачен утревечер во 20 часот, на прием организиран во нејзина чест во резиденцијата на Франција во Скопје, наведуваат од Министерството за одбрана. (МИА)

Tags: заслугиодликувањеорденФранција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ