• Latest

Вистината за смртта на младото момче во штипскиот затвор

March 23, 2017
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Вистината за смртта на младото момче во штипскиот затвор

March 23, 2017 13:52
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ром. Црн. Но, од мајка роден, како и сите ние. Тие секогаш се мета на насилства, убиства, секогаш се деградирани и оставени под ведро небо.

Пишува: Мери Николова

Досега не слушнав ниедна ромска партија или здружение да излезе и да соопшти, но и да покаже, како им помага, како ги згрижува Ромите. Дел од нив, вистинските криминалци, чекорат во редот на Диктаторот. Друг дел се борат да дојдат на власт. Третиот дел, изгледа, се борат за одреден број Роми, а повеќето се загрижени колку нивните невладини организации годишно ќе добијат финансии и колкумина од нив ќе се офајдат.

Толку за овој краток ромски животен опис.

За мене, ромски народе, не е битна твојата кожа. За мене, не е битно дали си богат или сиромав. За мене, најбитно е дека во моите очи, вие сте луѓе, како и јас, гости на овој свет, денес сме долу, пријатели, наскоро ќе бидеме горе и повторно ќе се сретнеме. Небесната шир чува место за сите нас.

Вчера ја пренесов веста за едно чедо, но младо чедо, не повеќе од 25 години, кое беше изнесено во сандак од затворот во Штип. Истото, во борба за егзистенција на своето семејство, да нахрани гладни усти, да ги облече, да им пружи лек за болка, било принудено да изврши неколку ситни кражби, Нормално, морал да украде за да се нахрани семејството. Зашто, повеќето ги шуткаат Ромите и не ги сакаат во нивните фирми да работат и принудени се и на ваков чекор, за да заработат.

Додека власта со години се капе во чоколадо, а сиромашните немаат леб да јадат, како што вели Ставрески во телефонскиот разговор со Јанкулоска, така мирисот на чоколадото допира до гладните, принудени – храната, па и чоколадите, да ги присвојат на нечесен начин, за да вкусат од неа.

И така, големите криминалци сè уште ја водат државата, истите тие им ги сечат прстите на ситните колеги и за храна ги осудуваат минимум на пет години затвор, не земајќи ја предвид нивната здравствена и семејна состојба… Ги пикаат в затвор и без трошка грижа ги убиваат, или ги остават без лекарски надзор. На крај директорите излегуваат со соопштенија, познати вообичаени изјави во нивни шерифски стил: се задавил во кофа вода, се обесил на прозорец или на плакар, починал по пат кон болница, или се предозирал со дрога…

Тоа се изјавите од нив – кои се пренесуваат во јавноста, а вистината е сурова, болна и трагична. Ги „убиваат“ од ќотек, им ја земат храната, ги уценуваат за било која услуга, болните од рак, епилепсија и од други болести, со големи молби, дури по неколку дена добиваат по едно апче за болка и тоа строго, „аналгин“. Но, тие велат, од тој лек ниту болката стивнува, ниту им помага. Така, вчера, по објавениот статус за осуденикот Ердал Усеинов, на 25-годишна возраст, го изнесоа неговото мртво тело од затворот.

Лицето осудено на пет години боледувало од епилепсија.

Неговите другари пренесуваат дека директорот на затворот дал изјава за момчето дека, наводно, се предозирало, а тоа не било никако точно.

Тој е Ром, да, но сите сме исти на оваа земја. Момчето барало помош од докторот, но никако не му била пружена. Тој пред два дена, му кажал дека не му е ништо. Кога пуштил молба и до докторот, тој му се обратил со следните зборови, „Што ме боли к.. за тебе, ти мислеше на мене, надвор, кога крадеше?“

На 21 март 2017, лицето за последен пат побарало помош од затворскиот лекар и од униформираните лица, но не му била пружена, а ниту пак била повикана Брза помош. Веќе два дена му било лошо, но никој ништо не преземал. Униформираните лица му се смееле и му давале совети да јаде овошје, а младиот Ром немал пари ни за водичка, а не за овошје или за лекови да купи, за да прима терапија. Тоа секогаш било луксуз за него.

Ете, тоа е на кратко вистината за смртта на младото чедо во хорор-затворот, кое вчера згасна во утринските часови и ги напушти најмилите, без да се поздрави. Солзи ми течат додека пишувам и се надевам помошта за затворите наскоро ќе стигне.

Tags: затворРомихорорчовекови праваШтип
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ