Петчленото семејство Темелковски од демирхисарското село Единаковци, живее од земјоделство, откако синот Љупчо пред 7 години, добил отказ, затоа што не прифатил под притисок да гласа за владејачката ВМРО- ДПМНЕ.
Сепак, велат, достоинството не може да го изгазат, па гордо и трудољубиво, произведуваат повеќе земјоделски култури: пиперки и компири на помали, а тутун на малку поголеми површини. Од утро до мрак,откако ќе запролети, тие се по нивите, како што велат, закопани во земјата со рацете. Со нив, го носат и малиот, шестгодишен Александар, зашто нема кому да го остават. Борбата за живот е немилосрдна, парите што ги добиваат од земјоделството им се единствени приходи.
[youtube width=”600″ height=”344″]https://www.youtube.com/watch?v=2aB3Iinvm_k[/youtube]
Покрај многуте најави за примена на Владини аргарни мерки, коишто ќе го подобрат статусот на земјоделецот и ќе му овозможат поголема заработувачка, членовите на семјството Темелковски велат дека се во незавидна положба речиси сите земјоделци!
Овие луѓе не се имуни на политичките случувања во државата. Тие нема да го дадат својот глас за ниту една партија, додека не се создадат услови за фер, демократски и регуларни избори со прочистен Избирачки список.
Темелковски не губат надеж дека условите за живот ќе се подобрат наскоро, а тие и со земјоделство ќе можат да му обезбедат подобра иднина на малиот Александар.
Моника Талеска