ВМРО –ДПМНЕ во денешното соопштение се одважи да ја поздрави, позитивно, средбата на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.
„Сметаме дека директните контакти на двајцата премиери може да придонесат за продлабочување на односите и градење на позитивна клима меѓу двете земји“, соопштуваат од партијата.
И покрај тоа, што не се информирани за процесот на преговорите со името и не можат да коментираат за најавите со преименување на скопскиот аеродром и автопатот.
„Доколку е во прашање некаква стратегија, граѓаните очекуваат да бидат информирани за придобивките, а доколку станува збор за второто, легитимна е загриженоста дека земјава прави еднострани отстапки, а не добива ништо“, додаваат во соопштението.
И нормално, за крај, ВМРО-ДПМНЕ во едно е сигурна, македонските граѓани не слушнале на која држава премиерот Заев е премиер, кој му е говорниот јазик и на кој народ му припаѓа.
Б.Ј.