Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека владата за само 5 месеци без никакво објаснување и реален основ ја задолжи државата и граѓаните за вртоглава сума од над 360 милиони евра, а од државните резерви испумпа 180 милиони евра. Тоа се над половина милијарди евра или неверојатни 540 милиони евра.
„Вкупниот јавен долг со секој нов ден достигнува историско ниво, без да се каже на што и како се трошат парите, кои со камата, утре ќе ги враќаат граѓаните и идните генерации на Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека СДСМ и Заев излажаа кога ветија дека во предизборниот период нема да ја задолжуваат државата и граѓаните.
„Забрзаното темпо на задолжување од владата на СДСМ и Заев е закана за економска стабилност на Република Македонија. Владата на СДСМ и Заев ги задолжува граѓаните, а на сметка на тоа нема најава за започнување на ниту една капитална инвестиција од која граѓаните ќе имаат најголема придобивка. Заев и неговите функционери од расипничката влада водат сметка само за нивниот луксузен и комотен живот, а не за интересите и потребите на граѓаните. СДСМ и Заев вршат големо финансиско злодело со неоснованото задолжување и за ова мора да има одговорност“, истакнуваат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
извор: МЕТА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.