Во тек е панел дискусијата од серијата Во фокусот на ЦИВИЛ, на тема „Национализмот на политичката улица“.
ЦИВИЛ одржа онлајн настан во живо со учество на тема „Национализмот на политичката улица“, на кој се дискутираше за повеќе аспекти на националистичкиот наратив што стана придружен елемент на актуелните протести против европскиот предлог за пристапни преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ. Учесници на панелот беа Националниот координатор за интеркултурализам и едно општество за сите, полковник Сретан Димитриевски од „Гардијан“ – Центар за антитероризам и мир, Пом. министер за внатрешни работи, Тони Ангеловски, Биљана Јордановска и Дијана Тахири од ЦИВИЛ. Настанот го водеа Џабир Дерала и Дехран Муратов од ЦИВИЛ.
Дискусијата се водеше на следните прашања:
- Дали и каква одговорност имаат инспираторите и организаторите на протестите?
- Каква е врската меѓу националистичкиот наратив насочен кон меѓуетничките односи во земјата и европското решение за почеток на преговорите со ЕУ?
- Кои се последиците од етничката омраза на протестите по меѓуетничките односи и демократските процеси во општеството воопшто?
- Дали и какви мерки преземаат релевантните институции во овој период?
Водителите на панелот се осврнаа и на дезинформациите и говорот на омразата.