• Latest

Во Прилеп почна 7. „Џез викенд фестивал“

August 31, 2018
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ/А. Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ со Арена и „странски служби“, студентите од врата до врата

October 4, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026
Днипропетровск, 3 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Нови воздушни напади, жестоки борби и цивили заробени меѓу гладот и мините во Олешки

October 4, 2026
Студентски протести, Франција, 3 октомври 2026 (фото: скриншот, Facebook / Be Social Observer)

Франција пред нов бран ученички и студентски протести, најавен голем протест за 6 октомври

October 4, 2026

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во Прилеп почна 7. „Џез викенд фестивал“

August 31, 2018 11:06
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со настапот на „Кеко Форнарели Трио“ од Италија синоќа на камерната сцена во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп беше отворен 7-от по ред интернационален  “Џез викенд фестивалот“. Побликата на летната сцена од Домот на културата уживаше и во изведбите на џез уметниците на скопската група „Фиарс“ и на извонредниот македонски џез музичар Владимир Четкар.    

Фестивалот, што ќе се одржува до сабота, ќе понуди богата програма и врвна џез музика на гостите од Грција, Германија, од Србија, Македонија.

-Целта на овој фестивал е промоција и популаризација на џезот и на уметноста на импровизирана музика во Македонија. Во изминатите шест години низ фестивалот поминаа доста музички имиња од повеќе земји од Европа и од нашата држава, кои оставија значаен белег во креирањето на фестивалската историја која ја испишуваме и кои извршија силно влијание врз домашната џез публика. Фестивалот со својата разноликост и ненаметливост постигнува реноме во регионот, вели Снежана Ристеска од прилепската локална самоуправа која е организатор на фестивалот.

Џез фестивал Прилеп мала

Публиката смета дека е востановена џез културата во градот која има традиција.

Кеко Форнарели од Италија, чие трио го отвори Фестивалот прв пат е во Македонија.

– Верувам дека со публиката ќе уживаме во џез-музиката. Овој регион нуди интересна музика. Имаме веќе пет албуми и за шест години сме гостувале во 42 земји. Сакам повторно да настапувам овде во македонија, вели Форнарели.

За прилепскиот градоначалник Илија Јованоски Фестивалот си создаде своја публика и овој е последен од петте фестивали годинава.

– Фестивалската програма за годинава ја заокружуваме со Џез фестивалот. Почнавме со карневалот „Прочка“, потоа со македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, па Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, потоа со „Пивофест“ и последен на програмата за годинава е Џез фестивалот, изјави Јованоски.

Годинава фестивалот нуди интересна програма, која е комбинација на медитеранскиот, врвен балкански и македонски џез. Вечер, публиката ќе може да ужива во настапите на Јордан Костов и „Шангај Интенс“, на „Палете Ансамблот“, односно „Сократис Воцкос Квартет“, а вечерта ќе ја затвори бендот на Васил Хаџиманов. Последниот фестивалски ден, сабота, е резервиран за Јаков Дренковски, французите „Ле Бал Пури“ и српската група „Деца Лоших Музичара“.

Истовремено, фестивалот ја задржува традицијата да нуди и “оф“ програма, која ќе се одржи утре, вторник 28 август, среда 29 август и во недела. 2 септември, во кафетериите „Сидро“, „Џез клуб Тејк фајв“ и во „Резиденс“ во село Плетвар. Во тие рамки, љубителите на џезот ќе можат да ги проследат настапите на Дамир Имери Квартет“, „Флинстоунс Џез Трио“ и „Летечки Пекинезери“. (МИА)

Tags: Дом на култура Марко ЦепенковмузикаПрилепџез фестивал
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ