• Latest

Во пренатрупаните затвори се гази достоинството на осудените лица со нечовечен и деградирачки третман!

July 19, 2017

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во пренатрупаните затвори се гази достоинството на осудените лица со нечовечен и деградирачки третман!

July 19, 2017 12:25
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во осумнаесетте години на своето постоење, ЦИВИЛ – Центар за слобода, перманентно, како едно од полињата на интерес, во состав на корпусот на човековите права и слободи, ја следи состојбата во македонските пенитенцијарни установи и се застапува за почитување на правата и слободите на притворените лица и на осудените лица за време на издржување на затворски казни. Вчера, на прес-конференција, Народниот правобранител Иџет Мемети го презентираше „Националниот превентивен механизам за 2016 година“, изготвен по педесет спроведени посети на органи и установи во кои слободата на движење е ограничена и потенцираше дека врз осудените лица и лицата со ограничена слобода на движење се применува нехуман и понижувачки третман!

Благодарејќи на соработката со тогашниот министер за правда, а актуeлен oмбудсман, Иџет Мемети, ЦИВИЛ – Центар за слобода, уште во 2000 година доби непречен пристап до пенитенцијарните установи, а извештаите за состојбите во нив, беа вџашувачки.

За жал, ситуацијата во Македонија во таа сфера не е воопшто подобрена, а на крајот на минатата и почетокот на годинава, секој месец во затворите имаше нов смртен случај! Реакциите од затворите и од установите во кои слободата на движење е ограничена, не стивнуваат.

Само во последниот период од пет-шест месеци, ЦИВИЛ Медиа објавуваше бројни стории и колумни за очајната состојба во затворите и за, најблаго речено, контроверзните смртни случаи на осудени лица од ромска националност, во затворите во Скопје и во Штип, како и за борбата на нивните семејства за докажување на вистината околу причините за смртта.

Вчера, пак, на прес-конференција, Народниот правобранител Иџет Мемети го презентираше „Националниот превентивен механизам за 2016 година“, изготвен по педесет спроведени посети на органи и установи во кои слободата на движење е ограничена (четири казнено-поправни установи, осум полициски станици, една јавна установа за социјална заштита и 37 места за сместување и задружување на бегалци/мигранти), и потенцираше дека врз осудените лица и лицата со ограничена слобода на движење се применува нехуман и понижувачки третман!

Според него, условите во Казнено-поправниот дом „Идризово“, на пример, директно го газат човековото достоинство со нечовечен и деградирачки третман. Тој побара итно затворање на Приемното одделение во „Идризово“ и префрлување на осудените лица во соодветни простории: „Поради пренатрупаност, овие лица спијат на картони и душеци на самиот под, па и во ходникот, а сите користат еден тоалет, кој е целосно руиниран, и кој истовремено се користи и за чување на приборот за јадење, со образложение дека само таму има вода“.

Мемети реагираше поради неефикасниот безбедносен систем кој не ги заштитува доволно осудениците, поради нереагирањето на надлежните на неговите повеќегодишни забелешки за нефункционалниот здравствен систем, а посочи и на појави на корупција и на злоупотреби во затворите, каде, според сведоштва на осудени лица се продава сè: од мобилни телефони, до дрога и проституција.

„Место програма за одвикнување, имаме информација дека во затворите се регрутираат нови корисници на дрога! Во затворот се сместени 1.966 лица, што е двојно повеќе од капацитетите. Во страшна состојба се и приемното и амбулантното одделение. Во приемното одделение нема прозор и кревети, а во амбулантното одделение болните спијат на кревети без душек. Бактерии и вируси демнат на сите страни”, рече Мемети.

Tags: ombudsmanдрогаизвештајИџет МеметиКорупцијапенитенцијарни установипревентивен механизампроституцијаРомиСКОПЈЕЦивилШтип
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ