• Latest
Фото:НАТО

Во Вилнус потпишан Меморандум за операционализација на Центарот за извонредност на НАТО за климатски промени и безбедност

July 12, 2023

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

Во Вилнус потпишан Меморандум за операционализација на Центарот за извонредност на НАТО за климатски промени и безбедност

July 12, 2023 16:22
in ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ
Фото:НАТО

Фото:НАТО

Share on FacebookShare on Twitter

Климатските промени се еден од клучните предизвици на денешницата и зголемените влијанија од промената на климата претставуваат директни и индиректни закани за безбедност на луѓето и државите ширум светот, па од тие прични НАТО реши да создаде свој Центар за извонредност за климатски промени и безбедност, за чија операционализација денеска беше потпишан Меморандум за разбирање на Самитот на Алијансата во Вилнус.

Според оценките на НАТО, екстремните временски прилики и климатските промени може да ги загрозат човечкиот живот и благосостојба, економската безбедност, политичката стабилност, јавната безбедност, имотот и критичната инфраструктура.

– Ефектите од климатските промени, исто така, го обликуваат однесувањето на државните и недржавните актери на различни начини, кои се уште не се целосно осознаени. Жените, девојките, домородното население, оние кои живеат во сиромаштија и другите ранливи или маргинализирани групи често се особено изложени на ризик од директните и индиректните ефекти на климатските промени, посочуваат од НАТО.

Од тие причини, како водечка политичка и воена алијанса во светот, НАТО со формирањето на овој Центар има јасна цел за справувањето со безбедносните импликации од климатските промени.

– Климатските влијанија може да ја тестираат отпорноста на воените инсталации и опрема, да создадат посурови или посложени оперативни услови и да ја променат природата на стратешкото опкружување, што претставуваат уникатни предизвици за воените и безбедносните актери задолжени да ја одржуваат нашата безбедност, додаваат од НАТО.

Иницијативата за формирање на Центарот ја покрена канадскиот премиер Џастин Трудо на Самитот на НАТО во јуни 2021 година, по што лани во мај Алијансата официјално го прифати овој предлог. По ова, на Самитот на Алијансата во Мадрид минатата година беше решено седиштето на Центарот за извонредност на НАТО за климатски промени и безбедност да биде во канадскиот град Монтреал. Според најавите, во моментов Канада заедно со останатите сојузници од Алијансата, работи на воспоставување на овој Центар, кој би требало да почне со работа на есен.

Tags: Вилнусклиматски променимеморандумиНАТОЦентар за извонредност на НАТО за климатски промени и безбедност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ