Во тек е панелот на ЦИВИЛ „Помалите етнички заедници помеѓу статистиката и политиката“, кој се одржува во Прес центарот на организацијата.
Како се спроведе, кои беа предизвиците и кои се перспективите на пописот на населението 2021? – е главното прашање на кое дискутираат Суад Скендери – Ромалитико, Аделаид Каришиќ – Бошњачки истражувачки центар Скопје и Добре Митрев, Претседател на граѓанското здружение „Македонско – бугарско пријателство“. Настанот го модерира Дехран Муратов од ЦИВИЛ.
„Направивме една солидна кампања, со оглед на условите. Имаше потреба од кампања, бидејќи бројките на секој попис од независноста па наваму, покажуваат дека.
Како координативно тело, немавме влијание да учествуваме директно на терен. ДЗС беше надлежен за тоа, но имавме комуникација со учесници во процесот од бошњачката заедница …“ вели Аделаид Каришик од Бошњачки истражувачки центар Скопје. и Добре Митрев, Претседател на граѓанското здружение „Македонско – бугарско пријателство“.
„Пописот се одвиваше како што сите знаеме, тоа беше обид да се направи попис, да се задоволат двајцата лидери на партиите. Кога попишувачите оделе по куќите и луѓето се изјаснувале како Бугари, попишувачите им барале пасоши, дали е тоа основа за тоа како сакаат граѓаните да се изјаснат.
Етничките Бугари се обесправени на пописот, кога некој се изјаснува како Бугарин и некој му бара документ, најодговорно тврдам. Што ако немам документ, а сакам да се попишам како таков. Ние како здружение имавме многу поплаки, имаме и луѓе кои ќе го потврдат тоа, ќе одиме со документи за луѓе што сакале да се попишат како Бугари, но тоа не им било овозможено“, тврди Добре Митрев, Претседател на граѓанското здружение „Македонско – бугарско пријателство“.