• Latest

Војо Маневски за ЦИВИЛ: Кога не умеам да составам честитка

December 8, 2024

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Војо Маневски за ЦИВИЛ: Кога не умеам да составам честитка

Новинарот и колумнист, Војо Маневски, даде посебна изјава по повод 25-годишнината од основањето на ЦИВИЛ – Центар за слобода во која истакна дека организацијата половина век е во активна служба на граѓаните.

December 8, 2024 09:48
in ОПШТЕСТВО, РЕКОА ЗА ЦИВИЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Одбележувањето на пригодните датуми бара и соодветна честитка.

Кога човек не умее така да се изрази мора да го напише она што најубаво го знае за да ја потврди својата искреност.

Пред дваесет и пет години во моево Ново Село се поправаа две улички кои постојат веројатно од кога се појавила потребата да се стигне до некој од домовите. Разните цивилизаторски остатоци ги затрупале, па местото каде се делат патеките беше непрепознатливо. Кога се расчисти од напластите се појави еден камен за кој и денес не можеме да утврдиме дали е дел од некаков поголем монолит или некој неимар го донел, градејќи свој свет. Чуден е тој камен зошто на него нема ниту еден остар раб, а под допирот на прстите можат да се насетат некакви гравури кои секако имаат свој систем, ама никако да успееме да ги одгонетнеме. Чудни некои цртички кои одамна некој ги напишал и досега никој не се осмелил да го смени нивниот распоред. Некогаш како да ме потсетуваат на денешниот збор слобода или ќе да се неколку цртички кои означуваат еднаквост. Како нивното значење да зависи од светогледот на оној што се обидува да ги чита.

Каменот има своја стратешка позиција затоа што стои точно на местото каде се делат две поголеми и две помали сокачиња некогаш калдрамисани, а сега измешани камења со бекатон плочки. Каменот како да опоменува дека изборот по кое сокаче ќе се тргне е избор на намерникот кој сака да стигне до некој од домаќините. Да, знае да биде дилема и за оние што дома треба да си дојдат, како патоказ кон чувството на домаќин и член на заедницата.

Каменот поради изворот на топла вода во неговата близина или поради некоја нам неразбирлива причина секогаш е топол и пријатно е чувството кога во дилема за правецот или недостаток на сила се седне на него. Чувството е како човек да седнал на некој граѓански трон кој му дава поттик сам да го прави изборот за правецот кон кој ќе замине.

Каменот веројатно стои таму како спомен на постоењето на човештвото. Го затрупувале, ама не успеале да го откорнат зошто тој не е карпа донесена од некаде, туку дел од заедницата. Без него ќе се помешаат сокачињата низ кои треба да се тргне, а може и да се однема сила без да се почине на неговата топла од луѓето измазнета површина.

Кога не знам да напишам честитка ова умеам да го составам. Па Цивил толку знам, ама знам дека ниту една запирка од моите писанија не е променета, а најде место во вашите изданија. И без моите добри желби вие ќе дотерате до половина век активна служба во корист на сите граѓани. Сега сте на пола пат.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ