• Latest
Добро утро со Орданоски

Вонредни претседателски избори?

October 9, 2017

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Вонредни претседателски избори?

October 9, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]К[/dropcap]олку јас што се разбирам во приказната за враќањето на правната држава во Македонија, постојат силни индиции дека некогашниот претседател на скопскиот Кривичен суд Владимир Панчевски правел тешки кривични дела во врска со неколку вида на злоупотреби на својата функција.

Ако се суди според неговата нервоза, на Панчевски му е јасно дека истрагата оди во насока издржано да ги поткрепи таквите обвинувања, не само со материјални докази прибрани при претресите на неговата канцеларија и станот, туку и со сведочењата на оние под него кои ќе ги „пропеат“ сите активности што, евентуално, се спроведувани во таа насока, под негова инструктажа и „командна одговорност“. Оти, и на обичните „врапчиња“ (всушност, особено на нив!) на различните „гранки“ на Фамилијата сега веќе им е кристално јасно дека нема подобар совет што можат да го добијат од своите адвокати, од советот веднаш и без одлагање да си соработуваат со СЈО, искрено да се сетат и да си раскажат сѐ што знаат и да побараат, ако треба, и заштита за таа своја соработка со правдата.

Да ви кажам право, летово бев викнат, во улога на сведок, на двочасовно испитување од страна на обвинителите на СЈО во еден од предметите што ги водат и слободен сум да ве информирам дека тоа искуство, дури и кога не сте обвинет, не е баш пријатно. Напротив.

Според овој правец на логицирање, Панчевски сериозно ќе заглави. Да претпоставиме и дека еден од случаите за кои ќе биде и формално обвинет ќе се однесува на оддавањето на службени тајни до претседателот Ѓорге Иванов (и до други?) во процесот на неговата злоупотреба на функцијата кога тој, Иванов, делеше, па повлекуваше, аболиции. Како што е познато, од таквите постапки на претседателот не беа последиците само политички – директна дестабилизација на земјата, каква што беше неговата улога во настаните во „Диво насеље“ и веројатната намера да воведе вонредна состојба во земјата во „Ноќта на долгите ножеви“ на 27 април – туку во еден случај, оној со Коста Крпач, таквите постапки е можно супстанцијално да влијаеле врз трагичниот крај на Крпач, за чија смрт јавноста сѐ уште очекува издржана квалификација за тоа дали се работи за убиство или за самоубиство на човекот.

Мислам дека, дојде ли до сериозни кривични обвиненија, и самиот Панчевски во еден момент ќе ги послуша советите на своите адвокати, па со свои зборови, убаво и во детали, ќе објасни како е изведувана таа нелегална комуникација со Иванов. Ако е изведувана. А изведувана е. Најверојатно. Скоро сигурно.

Што правиме тогаш со Иванов? Ќе се чека да заврши последната пивтијада и пастрмајлијада сезонава, па да му се стегне импичмент, или ќе се чека да заврши „драмата“ со нашиот прием во НАТО, па да се види неговото „обнашање“, па да му се стегне импичмент? Или не?

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: IvanovДиво НасељеизбориимпичментКоста КрпачПанчевскиправдаСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ