-Јас сум прв претседател на Собрание од регионот кој што отиде во Украина, за лично и институционално да ја изразам поддршката за украинскиот народ и институции. Со оглед на моето воено минато, човек би рекол дека ништо не може да ме изненади, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери на конференцијата „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.
-Меѓутоа, не е така, додаде Џафери.
-Човек никогаш не може да биде доволно подготвен за суровоста на другиот човек.
-Соочен со бројот на загубените животи, разрушената инфраструктура и влегувањето на Украина во една целосно поинаква димензија на егзистенција, се обврзав дека ќе се заложам за помош со сета моја моќ.
Истовремено сум восхитен од храброста, посветеноста, пожртвуваноста и смиреноста на украинските водачи и граѓани, истрајни во праведната борба за слобода, подвлече Џафери.