• Latest
Фото: МИА

Врховниот суд на Албанија ја потврди затворската казна на Фреди Белери

July 13, 2024

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Врховниот суд на Албанија ја потврди затворската казна на Фреди Белери

July 13, 2024 12:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Врховниот суд на Албанија во петокот ги потврди одлуките на пониските судови според кои Фреди Белери, припадник на грчкото национално малцинство, европратеник и поранешен градоначалник, е осуден на две години во затвор за купување гласови, што ги заостри односите меѓу Албанија и Грција, пренесува МИА според извори од Бета.

Како што се наведува во соопштението, судот ги потврдил и првостепените и второстепените решенија против кои се жалел Белери (51).

Белери има двојно државјанство. Тој минатиот месец влезе во Европскиот парламент како претставник на Грција од листата на Нова демократија.

Според канцеларијата на Белери во Атина, затворските власти му одобриле петдневно отсуство за да може да присуствува на инаугуративната седница на новиот Европски парламент во Стразбур, која ќе се одржи од 16 до 21 јули.

Европратениците уживаат кривично-правен имунитет, но тоа правило веројатно нема да важи за Белери, бидејќи тој извршил кривично дело во земја која не е членка на Европската унија.

Белерис беше избран за градоначалник на градот Химаре, на 240 километри од Тирана.

Тој беше уапсен два дена пред изборите под обвинение дека понудил 40.000 албански леки (тогаш 360 евра) за да купи осум гласови.

Белери никогаш не положи заклетва како градоначалник бидејќи беше приведен, а подоцна осуден на две години затвор.

Тој ги негира обвиненијата, а властите во Атина тврдат дека неговиот притвор е политички мотивиран.

По одлуката на второстепениот суд да ја потврди првостепената пресуда, на Белери му беше одземена функцијата градоначалник, и закажани нови избори во Химаре на 4 август.

Случајот ги заостри односите меѓу Тирана и Атина, а Грција предупреди дека тоа би можело да го попречи патот на Албанија кон пристапување во Европската унија

Tags: Албанијаврховен суд
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ