• Latest
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Врховниот судија Наќе Георгиев поднел предлог спогодба до ОЈО за ефективна казна затвор

August 15, 2024

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Револуционерен модел

November 1, 2026

Подготвеноста спасува животи: Практичен водич за кризни ситуации

November 1, 2026

Кочани, корупција и бесмисленост: Начин на живот на територија што посакува да биде држава

November 1, 2026

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Врховниот судија Наќе Георгиев поднел предлог спогодба до ОЈО за ефективна казна затвор

August 15, 2024 10:23
in ВЕСТИ, ПРАВДА
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција добило предлог за спогодба потпишана од врховниот судија Наќе Георгиев, кој беше фатен со мито од 10 000 евра, со која се согласува на ефективен затвор.

Висината на затворската казна ќе ја утврдува Судот кој најпрво ќе ја цени постигната спогодба, па потоа ќе носи пресуда за должината на времето кое во затвор ќе треба да го мине поранешниот врховен судија , пренесе МИА.

Предлог-Спогодбата со сите прибрани докази е доставена до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје кој треба да закаже рочиште за оцена на предлог – спогодбата и доколку истата биде оценета како прифатлива, надлежниот суд ќе донесе пресуда која се заснова врз предлог-спогодбата.

-Истражната постапка против две лица беше започната на 20 мај годинава кога врховен судија беше фатен in flagranti во извршување на кривичното дело. Со оглед на фактот дека со дејствијата на Н.Г. се исполнети законските битија на квалификаторниот облик на кривичното дело од чл. 359 од став 7, за кое е запретена казна затвор од 1 до 10 години, по поднесена иницијатива за спогодување и од осомничениот Н.Г., во тек е постапка за склучување предлог спогодба со која би се утврдила ефективна казна затвор, а за исходот јавноста ќе биде навремено известена, соопштија вчера од Обвинителството.

Предлог – спогодбата, како што појаснуваат од Обвинителството, како институт се користи при постоење на признание за вина, па тогаш правилата на постапката се поедноставени, не се изведуваат докази поврзани за фактичката состојба и постапката е едноставна, брза и ефикасна бидејќи Судот треба само да ја изрече санкцијата. Една од причините за прифаќање на спогодувањето за кривичната санкција е настојувањето да се скрати траењето на кривичната постапка во случаите кога фактичката состојба е неспорна за обете странки, кога Обвинителството располага со доволно докази во однос на кривично-правниот настан, при што и без изведување на прибавените докази судијата ќе може да донесе основана, законита и правична пресуда.

Вчера и членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети признал вина и се спогодил со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на условна казна затвор од една година и забрана за вршење на професија, дејност или должност на службено лице во период од три години за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“, информираа од Основно јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

Мемети претходно, како што соопштија од ЈОРСМ, поднел неотповиклива оставка како член на Совет на јавни обвинители која ја доставил до Собранието на РСМ.

Предлог-Спогодбата со сите прибрани докази е доставена до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје кој треба да закаже рочиште за оцена на предлог – спогодбата и доколку истата биде оценета како прифатлива, надлежниот суд ќе донесе пресуда која се заснова врз предлог-спогодбата. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ