Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска ја пречека претседателката на Северна Македонија Гордана Силјановска Давкова по што заедно го посетија манастирот Свети Прохор во Пчињско, каде што остварија билатерална средба.
Сакам да им го честитам денешниот празник на граѓаните на Србија и Северна Македонија. Илинден е голем празник на македонскиот народ и му посакувам да слави уште многу години, децении и векови, изјави Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, во обраќање до медиумите со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, која е во работна посета на Република Србија.
По повод чествувањето на 2 Август – Илинден, Сиљановска Давкова положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“
Престедатеката се обрати во Пелинце од каде порача дека битката за младите е битка за четвртата македонска република која мора да биде грижлива кон најдобрите, инклузивна кон различните, солидарна кон ранливите и праведна кон сите.
Во говорот таа се осврна и на соработката со стратешките партнери и европски пријатели, за кои кажа дека се врвен приоритет.
Во Пелинце присуствуваа бројни делегации од општествениот живот, Собранието, министерствата, политички партии, верските заедници, локалната самоуправа, претставници на странскиот дипломатски кор и голем број граѓани,
М. Д.