Categories

EКСКЛУЗИВНО #WikiGap – проект за поголема застапеност на жените

Шведското МНР и Wikipedia ги здружија силите да се борат против неизбалансираноста на интернет Википедијата, на која авторите на над 90% од внесените текстови се од машкиот пол, а материјалите за жените – се четири пати помалку застапени. Целта на проектот #WikiGap е да се организираат настани низ разни земји кои ќе ги охрабрат жените да се инволвираат во „полнење“ на Википедија со текстови кои се однесуваат на жените и нивните сфери на интерес.

Сара Мертсел, #WikiGap

Сара Мертсел го презентираше проектот на Форумот за родова еднаквост во Стокхолм попладнево, а за ЦИВИЛ Медиа открива дека дел од тимот на овој проект наскоро ќе биде во Македонија. Настани за инволвирање досега се организирани во над 50 земји.

Конференцијата во Шведска е организирана од Шведскиот институт, СИДА и други шведски организации и фондации.

Претставник на ЦИВИЛ на оваа конференција е Џабир Дерала, на покана на организаторите.

Е. К.

Print Friendly, PDF & Email