• Latest
Дојава за бомба во ОУ „Браќа Миладиновци“, Скопје (15.12.2022). Фотографија: Ангел Ангеловски

За 114 дена, вкупно 34 (лажни) закани за поставени бомби во 469 локации

February 13, 2023
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

За 114 дена, вкупно 34 (лажни) закани за поставени бомби во 469 локации

February 13, 2023 12:21
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Дојава за бомба во ОУ „Браќа Миладиновци“, Скопје (15.12.2022). Фотографија: Ангел Ангеловски

Дојава за бомба во ОУ „Браќа Миладиновци“, Скопје (15.12.2022). Фотографија: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

Во периодот од 19.10.2022 до 09.02.2023 година има вкупно 34 дојави за поставени експлозивни направи на 469 локации, повеќето се во училишта, а дел се во државни институции и во трговски центри, велат од МВР за ЦИВИЛ Медиа.

Првата лажна закана за поставена бомба беше на 19 октомври 2022 во автобусите на ЈСП, а сторителот веднаш беше приведен. Како што информираат од МВР, осомничениот се заканил дека бомбата ќе експлодира за време на протестот на вработените на ЈСП поради неисплатена плата за септември.

Другата лажна закана е на 26 октомври 2022 дека е поставена бомба во осум училишта во Скопје. Лажната закана за бомба во училиштата во Скопје беше „темпирана“ за време на постета на претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, која со македонскиот премиер Димитар Ковачевски го потпишаа Договорот за Фронтекс на македонски јазик, без додавки, ѕвездички и фусноти. Исто така, Фон дер Лајен најави 80 милиони евра грант за Северна Македонија како итна помош за справување со енергетската криза.

Потоа следуваа низа лажни закани за бомби во училиштата, трговски центри, хотели, МРТВ, станбени објекти, железничка и автобуска станица, скопскиот аеродром…

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, веднаш по првата закана за бомба во училиштата изјави дека никој не смее да дозволи да се игра со судбините на децата и додаде дека ова е сензитивна тема и без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните на Република Северна Македонија.

Истрагата е во тек, ги знаеме првите податоци за тоа од каде се испратени тие меилови. Најважно е да успееме да ги откриеме сите ИП адреси од каде доаѓа овој, би рекол, монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад врз Северна Македонија или политички игри, како една од претпоставките. Без разлика на што се однесува, никој не смее да дозволи да се игра со судбините на децата и на сите нас, ова е сензитивна тема и сметам дека без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните на Република Северна Македонија”, истакна министерот Спасовски (на 27 октомври 2022 година).

МВР досега поднесе неколку пријави за лажно заканување со бомби во училиштата:

На 5 декември 2022, малолетник од Скопје, доби кривична пријава откако признал дека испратил лажна дојава за бомба до четири средни училишта во Скопје, што претставува прв случај на откривање на сторител кој испратил дојава за експлозивна направа во училишта.

На 23 декември 2022, поднесена е кривична пријава против 15-годишник од Кавадарци за испраќање лажни дојави за бомби во Кавадарци. Малолетникот се товари за сторено кривично дело „Тероризам“.

На 12 јануари 2023 година, МВР ја привеле А.К. (55) од Скопје, осомничена дека на 11.01.2023 од мобилен телефон се јавила телефонски во Управата за финансиско разузнавање во Скопје и лажно пријавила дека се поставени експлозивни направи во училишта во Скопје.

„Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна, а А.К. (лице со здравствени проблеми) е пронајдена и приведена, соопштија од МВР.

Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17 јануари 2023 година, прилепската полиција и обвинителството расчистија случај во кој седумгодишен малолетник лажно пријавил дека била поставена експлозивна направа во училиштето во селото Житоше во општина Долнени. Како што информираат од СВР Битола, на 16 јануари во 18.16 часот, од својот мобилен телефон малолетникот, во присуство на неколку други малолетници, телефонски пријавил во полицијата дека во училиште во селото Житоше има поставено бомба.

Освен овие неколку случаи во кои се откриени лажните „бомбаши“, МВР се уште работи на откривање на вистинските сторителите кои ги испраќаат (лажните) закани за бомби.

Дехран Муратов

Фотографија: Ангел Ангеловски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ