Снимените разговори од т.н. „бомби“ коишто Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги достави до Кривичен суд како докази за предметите: „Титаник“,„Титаник2“,„ТНТ“, „Тенк“, „Тифани“ и „Тревник“, се одбиени.
„За предметот ‘ТНТ’ одлуката на Судот беше донесена на 19 септември, само ден подоцна од одлуката на скопскиот Апелационен суд, којшто на 18 септември донесе решение со кое за предметот „Триста“ снимените разговори беа прифатени како доказ во постапката. За предметот „Титаник 2“ Кривичен суд донесе решение на 2 октомври, со коешто не ги прифати како доказ снимените разговори“, соопшти СЈО за МИА.
Од СЈО додаваат дека решенијата за шесте предмети се донесени пред 18 септември, но дека тие ги добиле деновиве. Се очекува СЈО да поднесе жалба во законски рок. „Бомбите“ како доказ не се прифатени ниту во предметите: „Тендери“; „Топлик“ и „Тортура“.