• Latest
Добро утро со Орданоски

За списокот од 200 интелектуалци

February 19, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

За списокот од 200 интелектуалци

February 19, 2018 07:24
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Н[/dropcap]е постои список во Македонија на кој ќе се потпишат двесте интелектуалци, за кое било прашање на светот и векот, а на кој нема да се најдат секакви луѓе: некои кои би ги гушнале и бакнале, други со кои ни во ист автобус не би се возеле; некои на кои би им се поклониле пред политичките и професионалните ангажмани, други на кои со задоволство би им се поклониле свртени наназад, за да имаат подобар увид во вашата аргументација; некои за кои веднаш ќе се согласите дека ја задолжиле земјава со своите интелектуални промислувања и делувања, други за кои ќе се согласите дека навистина ја задолжиле земјава, „до гуша“, со своите политички и професионални ангажмани…

Дури, не е спорна ни содржината на писмото под кое се потпишале, во смисла на тоа што во текст во кој има дваесетина параграфи има и паметни работи, има и дневно-политички пароли и разни политикантски глупости… Но, важно е дека потпишаните интелектуалци се согласиле со духот и пораките од писмото: велат, ова се нашите јасни ставови, кој мисли или делува поинаку е, во суштина, капитулант и предавник кому ќе му судат сегашните и идните генерации. Тоа, всушност, и стои во писмото.

Значи, ништо од тоа не е проблем.

Проблемот со списокот на овие 200 интелектуалци е далеку поголем – што меѓу нив не препознав ниту еден етнички Албанец.

Какво е тоа „интелектуално“ сочинение во Македонија во 2018 година, кое претендира да се залага за добрата иднина на оваа мултиетничка, мултиконфесионална, мултикултурна држава и, особено, за македонскиот народ во неа, зад кое не нашле да застане ниту еден Албанец?! Зошто меѓу потпишаните да има и Власи и Срби, а да нема Албанци?

При тоа, не знам што би бил поголем проблем: авторите да се обиделе да најдат Албанци кои би се потпишале, а овие да ги одбиле; или воопшто да не направиле таков обид? Што мислите, која варијанта е поверојатна?

Без таа димензија на ова писмено сочинение, самото писмо станува беспредметно. Сори.

Гледате, се обидувам ова да (ви) го соопштам што е можно „побезболно“, да не (ви) се потсмевам на разно-разни во друштвото потписници, да не (ви) ги растурам тезите во писмото, да не употребувам наводници и извичници, да не полемизирам со политички и историски аргументи… (Иако знам дека, сеедно, повторно ќе има налутени, којзнае што сè нема да „истурите“ врз мене на фејсбук, низ порталите и по дебатните телевизиски емисии…)

А, сепак, проблемот е темелен: без потписи на (барем) педесетина Албанци – се извинувам, тоа е 25 насто од потпишаните 200 интелектуалци – ова писмо е беспредметно сериозно да се дискутира во неговата содржина. Жалам.

Замислете каква вежба од политика, историја, толеранција, морал, култура и што уште не би бил обидот на овие 200 интелектуалци да најдат, да продискутираат, да убедат неколку десетици колеги, Албанци, да им се потпишат под писмото… Е, добро, де, затоа велам: замислете! На пример, да разменат потписи со колегите интелектуалци, составувачи на „Платформата од Тирана“…

Кога би успеале во тоа, веројатно со мирна совест би можеле навистина и да ги прекинеме преговорите со Грција.

Разбирате, сега, зошто, меѓу другото, водиме непријатни и непосакувани преговори со Грците? Ако не ви е јасно, погледнете го списоков на овие 200 потписници, бидејќи содржината на нивното писмо и не мора да ја читате.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

 

Tags: АлбанциГрцијаинтелектуалциМакедонциписмоПреговори
Share305TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ