• Latest

За заринканото тркало и насуканите галии

February 12, 2018
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

За заринканото тркало и насуканите галии

February 12, 2018 12:51
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Новото руво на Скопје во изминатите години, на голем дел од скопјани воопшто не им прави разлика – дали во градот никнува нов државен, приватен, верски или било каков друг објект…  Во сивилото од бетон и стиропор, сите објекти изгледаат како нелогично расфрлани, грди, големи зданија што ја заземаат површината на која некогаш можеби имало, а со оглед на сегашната состојба со загадувањето, сега и во иднина, мора да има зеленило!

Ваквата пракса на мегаломанско градење за време на претходната власт, сè уште се нарекува „Скопје 2014″, иако тоа е целосно неадекватен наслов за овој проект. Не само што е 2018 година и сè уште се гради, туку како да нема никакви изгледи и абер да се прекине.

Најчесто спомнуваниот проект што во изминативе години претставува невиден срам и огромен повод за исмевање од сите кои малку се разбираат во уметност и естетика, изобилува со нерегуларности и нејаснотии (најинтересни и забележителни, особено за време на кампањи). Цената што ќе ја отплаќаме додека сме живи, допрва ќе претставува проблем во секојдневниот живот за повеќето жители на овој град, кои несвесно тонат во долгови поради нечии лошо (или многу добро) замислени идеи, произлезени исклучиво од алчност, а задоени со непрофесионалност на многу нивоа: од процес на планирање, преку изведба и реализација, па сè 
до употреба, одржување итн… Целта на сето ова претставува бавно или брзо збогатување на тие што подолго ќе бидат на власт, односно ќе имаат повеќе време и простор да го реализираат „проектот“.

Не знам дали останатите граѓан(к)и го имаат истиот впечаток, но откако новата Влада се всели во дел од државните објекти покрај кејот на Вардар, единствена и најчеста забелешка е дека не биле добро изградени објектите од „Скопје 2014“ (покривот пропуштал вода, ѕидот се распаѓал, имало штети за санирање на новите објекти?!…).

Во контекст на ова, би можело да се спомене дека работите кои директно не се користат од властодршците и се повеќе „наменети за народот”, како тротоари, пешачки зони, канделабри, клупи…, воопшто не се ни спомнуваат. Тоа дека сиве овие работи го попречуваа(т) нормалното секојдневие, го задушуват градот, чинат стотици милиони евра земени од народот, беше и очигледно ќе остане,„лицемерна и тенденциозна пропаганда“ која само од време – навреме, станува актуелна тема на разговор.
 


Причина и повод за текстов е новиот објект на Народната банка (НБРМ), кој од неодамна интензивно и со молскавична брзина и посветеност никнува, од онаа неважна и невидлива нула која ги засегна сите кога стануваше збор за Милениумското тркало, на пример. На ова место, на кое порано, исто така, имаше зелена површина (без многу дрвја, што е одлична појдовна точка – да нема врева и реакции), се гради нов објект за институција која очигледно веќе има адекватна и модерна (неодамна реновирана) градба која му доликува(ше) на Скопје. Веројатно не ги разбирам работите, но за мене, нема особена разлика меѓу новава банка и Милениумското тркало. Напротив, банката е двојно поскапа од Тркалото и сега – засега, чини 35.6 милиони евра, (според некои најави – 24.2 милиони…, сеедно, на крај, сигурно ќе излезе дека е 77 милиони и дека нешто е утнато во првичната пресметка).

Дури, од перспектива на обичен граѓанин, сè 
повеќе си мислам дека Тркалото ќе можев барем понекогаш и да го искористам (на пример, кога ќе ми дојдеа другари од странство и наеднаш ќе можевме да го видиме целиот криминал). Како капак врз целата работа, а во однос и на најавата (што ја поздравувам и посакувам) дека галиите ќе се дислоцираат (и притоа, за Тркалото никој ништо не зборува), како кошмар ми се врти помислата дека и фамозниот милениумски чир, на некаков чуден начин, ќе го протуркаат. Ем е почнат, ем ќе има работа за граджните фирми, ем нема да плаќаат пенали во недоглед (на потенцијалниот профит).
За жал, и без никаков ефект, сè повеќе е јасно и забележливо дека проектите од ваков тип им пречат на политичарите и ги засегаа(т) само кога треба да се освојуваат гласови. Никој сè уште и со сигурност не знае кој и колку се (з)богати со ваквиот начин на работење. Секако, тоа не сме ние граѓаните, ние само (ќе) плаќаме и од време – навреме (ќе) дознаваме за дефектите, за кои во зависност од политичката припадност, секогаш (ќе) ја обвинуваме другата страна.

Ако некои мислат дека можеа за време на минатата власт на градбите да гледаат како на уништување на Градот, на природата, зеленилото и урбаната естетика, а денес, на „скопското ново руво“, само како на објекти за луксузна комоција на една рака луѓе – се лажат самите себеси. Нас граѓаните – не. Колку само за потсетување на 20 февруари 2016, тогашниот потпретседател на СДСМ, денеска министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во името на партијата побара итно запирање на изградбата на луксузната зграда на Народната банка. „Овие пари можат да се искористат за изградба на филтри на оџаците на РЕК ‘Осломеј’, филтри коишто ќе овозможат чиста, еколошка електрична енергија, филтри кои ќе го намалат загадувањето на градот. Оваа инвестиција ќе значи повторно рестатрирање со целосен капацитет на РЕК ‘Осломеј’“, изјави тогаш Манчевски. 
Две години подоцна, со СДСМ на власт изградбата не само што не престана, туку во последно време е интезивирана, а филтрите на РЕК ‘Осломеј’ уште ги чекаме.
Дамјан Темков
Tags: градбинародна банкаСКОПЈЕСкопје 2014
Share11TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ