• Latest

Задолжителен документ за КОВИД-19 за новата учебна и академска година во Грција

August 11, 2021

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Задолжителен документ за КОВИД-19 за новата учебна и академска година во Грција

August 11, 2021 20:45
in ВЕСТИ, КОВИД-19, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Со физичко присуство на учениците и студентите, но и со задолжителен документ за КОВИД-19, односно сертификат за вакцинација или потврда за прележан КОВИД-19 или негативен тест, на 13 септември ќе почне учебната година во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за образование на Грција, денеска ги соопштија детали за начинот на кој учениците ќе се вратат во училишните клупи и студентите во амфитеатрите.

Одлуките се согласно соодветните препораки од надлежната комисија на епидемиолози.

За просветните работници, односно за наставниците и професорите, како од училиштата, така и од универзитетите задолжителен е сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 во последните шест месеци или негативен лабораториски тест два пати седмично, што ќе биде на нивни товар, а истите правила важат и за студентите.

Слични се условите и за учениците, односно и за нив ќе биде потребен документ поврзан за Кови-19.

Сертификат за вакцинација, доколку се постари од 12 години, потврда за прележана болест во последните шест месеци или изјава по направен селф тест, задолжителен два пати седмично.

-Ги охрабруваме членовите на образовната заедница кои сè уште не се вакцинирале да побрзаат, пред почетокот на новата учебна и академска година, да го искористат овој штит на заштита од Корона вирусот. Целта на сите нас е заштита на индивидуалното и јавното здравје и непречено функционирање на нашите образовни структури, соопштуваат од Министерството за образование на Грција.

Протоколите по кои ќе работат училиштата и факултетите ќе бидат детално соопштени непосредно пред почетокот на учебната и академската година.

Tags: ГрцијаКОВИД-19серификат
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ