• Latest
Амбасадорката на Украина во РСМ, Наталија Задорожњук (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Задорожњук: Пријателот се познава во тешките моменти, ѝ се заблагодарувам на Северна Македонија за јасната поддршка на Украина

January 27, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Задорожњук: Пријателот се познава во тешките моменти, ѝ се заблагодарувам на Северна Македонија за јасната поддршка на Украина

January 27, 2022 18:56
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Амбасадорката на Украина во РСМ, Наталија Задорожњук (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Амбасадорката на Украина во РСМ, Наталија Задорожњук (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Наталија Задорожњук, во интервју говори за извонредно богатата соработка на нејзината земја со Северна Македонија на економски, културен, здравствен, научен и воен план. Украина и Северна Македонија имаат заеднички стратешки определби и интереси. Повеќе од 20 пати поголемата Украина несебично ја пружа својата поддршка на нашата земја во сите значајни области, без исклучок. Во своите изјави, Амбасадорката Задорожњук ја изрази и благодарноста кон Северна Македонија за јасната и цврста поддршка на Украина.

„Имајќи ја предвид моменталната ситуација за време на која се погоди да го направиме ова интервју, би сакала да ја искористам можноста да ѝ се заблагодарам на Северна Македонија и на нејзиниот прекрасен народ за нејзината јасна и цврста поддршка на Украина. Пријателот се познава во тешките моменти“ – изјави Амбасадорката Задорожњук.

Амбасадорката на Украина во РСМ, Наталија Задорожњук (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Амбасадорката Задорожњук во однос на воената и воено-техничката соработка меѓу Украина и Северна Македонија имајќи ги предвид заедничките евроатлантски аспирации и цели смета дека понатамошна соработка во оваа област има добри изгледи.

„Билатералната воено-техничка соработка меѓу Украина и РСМ се реализира во согласност со меѓувладиниот Договор, кој е во сила веќе 20 години. За тоа време, беа реализирани неколку проекти во областа на поправка и сервисирање на авиони и хеликоптери во Украина кои ги користи Армијата на РСМ. Во исто време, имајќи ги предвид заедничките евроатлантски аспирации и цели (Северна Македонија е веќе членка на НАТО, а Украина се надева дека ќе стане членка на Алијансата), сметаме дека нашата понатамошна соработка во оваа област има добри изгледи“.

Во интервјуто, амасадорката на Украина, Наталија Задорожњук во врска со соработката меѓу македонските и украинските организации на граѓанското општество и медиумите истакна дека веќе две невладини организации од Северна Македонија се приклучија во нејзините активности.

„Платформата има повеќе димензии, вклучително и невладина, на ниво на граѓанско општество и експертска заедница. Воспоставената Експертска мрежа на Кримската платформа обединува украински и странски експерти, научници, активисти за човекови права кои ќе обезбедуваат информативно-аналитичка и комуникациска поддршка за активностите на Платформата. И веќе две невладини организации од Северна Македонија се приклучија во нејзините активности. Се надеваме дека и други македонски експертско-аналитички и медиумски организации ќе можат да се вклучат во соработката со експертската мрежа на Кримската платформа. Користејќи ја оваа прилика, би сакала да ги поканам на соработка сите заинтересирани и нерамнодушни кон судбината на украинскиот Крим. А Амбасадата со задоволство ќе делува во овој случај како еден вид „мост“.

Целото интервју можете да го прочитате на Цивил Медиа.

М. А.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ