„Русија води војна со целиот свет. А Украина води војна ЗА целиот свет. Ние ќе победиме“, изјави украинската амбасадорка, Наталија Задорожњук.
Тоа е една од најсилните пораки што во својата емотивна изјава ја даде украинската амбасадорка пред камерите на македонските медиуми, за време на протестот против руската агресија врз Украина кој се одржа на 6 март 2022.