• Latest

Заедничка валута на земјите од БРИКС, која ќе биде поддржана со злато „нема никаква смисла“

September 17, 2023
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Заедничка валута на земјите од БРИКС, која ќе биде поддржана со злато „нема никаква смисла“

September 17, 2023 14:27
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Идејата за заедничка валута за земјите од БРИКС, која ќе биде поддржана со злато „нема никаква смисла“, изјави економскиот стратегот Дејвид Ву.

Групата големи економии во развој бараат начини да се стави крај на доминацијата на доларот како главна светска резервна валута, а некои мислат дека златните резерви би можеле да се искористат за да се поддржи нова валута, пренесува Маркетс инсајдер.

Сепак, тој пристап би значел дека новата валута ја следи цената на златото наместо поединечните валути на БРИКС, според поранешниот шеф на одделот за глобални каматни стапки, девизи и стратегија за фиксен приход на новите пазари и економски истражувања во Банката на Америка, Дејвид Ву.

„Во секој случај, мораме да се запрашаме што точно ќе постигне БРИКС со создавање на она што во суштина би било само уште еден дериват на злато? – изјави Ву во видеото на неговиот канал на Youtube.

Тој истакна дека златните резерви се конечни и колку повеќе злато користи Кина за да ја поддржи новата размена, толку помалку ќе има на рсполагање за да ја поддржува сопствената валута – ренминби.

„Ако мислите дека доколку има повеќе злато за поддршка на валутата, тоа ја прави посилна, тогаш колку повеќе злато издвојува Кина за валутата БРИКС значи дека има помалку злато за поддршка на јуанот, што, ако ја следиме оваа логика, значи послаб јуан“, додаде тој.

„Во крајна линија: БРИКС може да создаде валута поддржана од злато, но неговата цел би била чисто симболична.

Во последниве месеци, Кина и неколку други земји ги засилија напорите да го намалат нивното потпирање на зелената банкнота во меѓународната трговија и инвестициите – особено кога САД ја искористија глобалната надмоќ на доларот за да воведат економски и финансиски санкции врз земјите, вклучувајќи ги Русија и Иран.

Групата БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – ги забрза напорите за дедоларизација, а бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва повика на заедничка трговска нота.

Дури и идејата за валута БРИКС минатиот месец беше означена како „просто смешна“ од Џим О’Нил, економистот кој прв го измисли акронимот БРИКС .

Според Расел Харди, врвен трговец со нафта и извршен директор на Витол, земјите од БРИКС кои го отфрлаат американскиот долар за нафта и прифаќаат локални валути само ќе им наштетат на нивните економии. Американскиот долар е де факто валута за нафтата, а заканата од нејзиниот став ќе создаде проблеми за земјите во развој.

Во една неодамнешна анализа, ЈП Морган ја предвиде иднината на американскиот долар откако се соочи со закани од блокот БРИКС. Институцијата го проучувала ризикот од дедоларизација ширум светот бидејќи другите валути изгледаат како глобална резерва.

И според анализата на ЈП Морган и според мислењето на извршен директор на Витол, Расел Харди, БРИКС најверојатно нема да успее да го симне американскиот долар во скоро време,  и тој останува де факто врховна валута, додека кинескиот јуан не е ни блиску до тоа да го загрози.

Поширокото движење за дедоларизација се бори да добие замав. Плаќањата со SWIFT во однос на американскиот долар се зголемија на рекордни 46% во јули, објави Блумберг.

Сепак, преовладува мислењето дека новата заедничка валута на земјите од БРИКС може да биде мртва уште пред да започне поради несогласувањето, додека американскиот долар се уште се користи во 90% од целата трговија.

Желбата на лидерите на БРИКС да ја намалат нивната зависност од американскиот долар не покажува знаци дека во догледно време ќе успее да ја оспори неговата доминација, која несомнено е неспорна. И покрај падот на 20-годишниот минимум на официјалните девизни резерви кон крајот на 2022 година, американскиот долар останува најважен во глобалната трговија, со речиси 90% од глобалните девизни зделки.

Како што се развиваат овие дискусии, сложеноста на имплементацијата на таков систем останува колосален предизвик. Вистинското прашање е дали овие нации, со нивните различни агенди и приоритети, можат навистина да се обединат под знамето на единствената валута.

Драган Мишев

Tags: БРИКСдедоларизацијазлатојуан
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ