• Latest

Заев: Конечно ја докажав мојата невиност и дочекав правда

May 21, 2018

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Конечно ја докажав мојата невиност и дочекав правда

May 21, 2018 13:54
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Среќен сум што добив ослободителна пресуда и што конечно ја докажав мојата невиност и дочекав правда, изјави премиерот Зоран Заев денеска по објавувањето на ослободителната пресуда за предметот „Поткуп“.

Тој посочи дека Република Македонија може да биде нормална земја само ако има независно судство и транспарентни постапки, каква што беше и постапката за предметот „Поткуп“.

Премиерот рече дела ќе го почекаат и правото на жалба на пресудата од страна на Обвинителството.

Пред медиумуте Заев повтори дека очекувал пресудата да биде ослободителна, бидејќи како што кажа, во доказната постапка ги докажале сите работи, а потоа се случи и преквалификација на обвинението.

Заев побара од институциите кои ја имаат јавно да ја објават целата снимка од ПИ-мерките и како што рече ако му ја достават, тој лично ќе ја објави за да се види дека не барал поткуп.

– На трите места каде што е прекината снимката точно ќе се види за што станува збор и како злонамерно било кратењето кога разговараме за цемент, бетон, железо, за плата на работниците… Драго ми е што Судот ја утврди вистината. Се што сум правел во Струмица беше транспарентно и на достап на јавноста. Апелирав бизнисмените да бидат пример за граѓаните и да донираат за изградба на црквата, рече Заев.

На прашање  во врска со изјавата на Никола Груевски кој пред неколку дена ја најавил оваа одлука, премиерот Заев одговори дека Груевски едно време беше добар познавач на судството и оти сега веќе тоа судство не е истото што тој го контролираше.

Судијата Дарко Тодоровски од Кривичниот суд во Скопје го ослободи од одговорноста премиерот Зоран Заев, кој беше обвинет во случајот „Поткуп“.

Во читањето на пресудата судијата Тодоровски наведе дека јавниот обвинител не успеа да докаже дека обвинетиот Заев го сторил делото што му се ставаше на товар и од тие причини донесе ослободителна пресуда.

На минатото рочиште обвинителката Валентина Бислимовска побара измена на правната квалификација на обвинителниот акт и наместо за примање поткуп, обвинетиот Зоран Заев да биде осуден за барање поткуп. Обвинителката за ова кривично дело побара од Судот на Заев да му се изрече осудителна пресуда, која, според законот, е од една до пет години затвор.

Заев на претходните рочишта рече дека се работи за монтиран случај со цел да биде спречен да ги објави „прислушуваните разговори“.

Премиерот Зоран Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев. (МИА)

Tags: ЗаевКривичен Судодлукапоткуппресуда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ