Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев објави дека поднел тужби за клевета и нарушување на угледот за д-р Жан Митрев и за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед. Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата. Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, се вели во објавата на Заев на Фејсбук
Тужбата кон Петруштевски се однесува на изјавите за запленетата марихуана и поврзаноста на фирмите на Заеви, а за д-р Митрев е за изјавата за преземање на неговата приватна болница.











































