• Latest

Заев посакува фер избори, ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања, потпишан Кодексот за фер и демократски избори

September 23, 2021
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Заев посакува фер избори, ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања, потпишан Кодексот за фер и демократски избори

September 23, 2021 18:35
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Политичките партии ( и нивните подмладоци) го потпишаа денеска Кодексот за фер и демократски избори, премиерот Заев се надева на фер избори,  ВМРО ДПМНЕ излезе на прес за наводна афера за местени тендери. ССМ ги повика ВМРО ДПМНЕ и Алијансата да не водат кампања преку грбот на работнците, трагедијата во Тетово повторно на агендата на Зијадин Сел . Конечно еден позитивен пример во предизборието, кандидатот на СДСМ, Горан Сугарески и на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески, си подадоа рака на заедничка средба.

ПАРТИИТЕ ГО ПОТПИШАА КОДЕКСОТ ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ

Како и пред секои избори, и овој пат партиите денеска го потпишаа  Кодексот за фер и демократски избори, и се обврзаа на демократски изборeн процес во кој ќе се почитуваат основните човекови права и слободи, со цел постигнување транспарентни, инклузивни и отчетни избори.
одекс го потпишаа претставници од сите политички партии, учесници на претстојните избори.Први го потпишаа претставниците на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Владо Мисајловски, а по нив Фатмир Бесими и Биљал Касами од ДУИ и БЕСА, Горан Милевски и Маја Морачанин од ЛДП и ДОМ, Зијадин Села и Афри Гаши од Алијанса на Албанците и Алтернатива. Кодексот го потпишаат и ДПА, ГРОМ, Демократската партија на Турците, Партијата за движење на Турците, Левица, Интегра, ПОДЕМ, на Бошњачки демократски сојуз, Титови леви сили и Зелен хуман град.

ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ФЕР ИЗБОРИ ПОТПИШАА И ПАРТИСКИТЕ ПОДМЛАДОЦИ

Подмладоците на 34 политички партии, во организација на Институт Охрид, денеска потпишаа Декларација за фер, слободни и демократски избори и против говор на омраза и заложби за еден предизборен фер плеј, на, кој беше организатор на настанот.

ДИК денеска до полноќ треба да ја објави Единствената листа на кандидати

Откако Државната изборна комисија (ДИК) По утврдувањето на редоследот на учесниците на локалните избори на гласачкото ливче, ДИК најдоцна до денеска на полноќ треба да биде објавена Единствената листа на кандидати.

Според Роковникот на Комисијата жрепката за утврдување на Единствената листа на кандидат/и ДИК ќе ја одржи најдоцна денеска. ОИК / ИКГС утврдената единствена листа на кандидат/и ќе ги огласи најдоцна 23 дена пред денот определен за одржување на изборите во сите населени места и на избирачките места во општината.

ЗАЕВ ПОСАКА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ

Премиерот Зоран Заев , по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори, денеска изјави дека само со одржување фер и демократски избори сите во земјава можат да бидат победници. Од носителите на функции во институциите кои се дел извршната власт побара да не ги злоупотребуваат државните ресурси за партиски цели.

Тој истакна дека локалните избори се мошне важни, бидејќи, како што нагласи се бираат првите луѓе на општините и советници во Советите, а општините, според него, ќе стануваат се поважни во секојдневието на граѓаните.

ВМРО- ДПМНЕ СО НОВИ ОБВИНУВАЊА ЗА КРИМИНАЛНИ АФЕРИ

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски, на денешната прес конференција обвини за криминална афера на градоначалникот Шилегов и директорот на ЈП Водовод Весковски за наводни местени тендери.

И ССМ СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ПРЕПУКУВАЊА ЗА НЕДЕЛА КАКО НЕРАБОТЕН ДЕН 

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, упати  директен апел до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса дека преку грбот на работникот и правење штета на работници не се стигнува до власт. Тоа треба да биде јасно, а дека ќе дојде до отпуштање на работници тоа нема да се случи бидејќи знаеме колкав е дефицитот и колку работници ја напуштаат државата за барање на подобри работнички права и подобри плати, порача Димовски.

СЕЛА ПОВТОРНО ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села ги афирмираше прашањата за трагедијата во тетовската болница, порачувајќи дека стојат зад секаква комисија која ќе работи за да излезе вистината на виделина и да има одговорност за пожарот во тетовската модуларна болница.

ЕДЕН ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР ЗА ФЕР ИЗБОРНА ПРОПАГАНДА

На иницијатива од кандидатот за градоначалник на Прилеп од СДСМ, Горан Сугарески, остварена е средба со неговиот противкандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески.

Сугарески е пример како еден политичар треба да се однесува со своите конкуренти. Прво го бранеше противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ  од црна пропагнада, потоа иницира средба и си подаваат рака.

ПОВИК ЗА КРАТКОРОЧНИ НАБЉУДУВАЧИ НА ЦИВИЛ

Остануваат уште осум дена до истекот на рокот за пријавување на повикот за краткорочни набљудувачи на ЦИВИЛ. Заинтересираните можат да се пријават на едноставната онлајн апликација што може да се пополни за само неколку минути и од мобилен телефон. Резултатите ќе бидат познати на 3 октомври, по што веднаш ќе се организираат и обуки, во согласност со заштитните мерки од Ковид-19. Пожелно е сите набљудувачи да се вакцинирани со две дози вакцина против Ковид-19.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ