• Latest

Заев: Во Австрија добивме голем и одговорен поддржувач на регионот и обединета Европа

July 3, 2018
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Во Австрија добивме голем и одговорен поддржувач на регионот и обединета Европа

July 3, 2018 09:41
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската унија, со Австрија, по Бугарија, доби уште еден, голем, силен, одговорен поддржувач на интегрирана и обединета Европа. Тоа е надежта на граѓаните на Македонија, надежта на граѓаните на целиот регион на Западен Балкан, надежта на младите луѓе во нашата земја и во соседството, чии соништа се поврзани со светла европска иднина, во своите држави и во Европа, рече премиерот Зоран Заев на одбележувањето на почетокот на австриското претседателство синоќа во Скопје.

Европа, додаде Заев, не е само континент, не е само политички и економски сојуз, Европа се вредности во коишто верувале и веруваат бројни минати, сегашни, и уверен сум, и идни генерации.

– Европа е потреба, за Европската унија, за нашиот регион што цели кон неа, за светот, затоа што Европа е доказ дека различностите се предност, заедништвото е можно – до стабилен свет, до спокоен свет, до економски развиен свет, до свет за сите, рече премиерот Заев.

Тој ја поздрави најавата на австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој вчера при преземањето на претседателството истакнал дека Австрија има намера да изгради ефикасна, обединета и фокусирана Европа, Европа којашто заштитува, Европа којашто гради мостови во Унијата.

– Јас се согласувам со канцеларот Курц дека успехот на Европа е можен само ако сите земји во Унијата соработуваат меѓу себе, а среќен сум дека интеграцијата на Западен Балкан во Унијата останува фокус и на австриското претседателство. Ваквиот фокус нам ни дава шанса да се бориме за нашата европска перспектива, да ги забрзаме реформите, да ги довршиме започнатите мостови со соседите, додаде премиерот Заев.

Вреднувањето на она што Македонија го направи изминатата година, според Заев, е силна мотивација за Република Македонија во која Унијата добива уште попосветен партнер и пријател, за надминување на сите постоечки предизвици во Европа и светот.

– Нека успее мисијата што си ја постави нашиот пријател, Република Австрија, за изградба на обединета Европа, Европа којашто штити. Република Македонија е со вас на тој пат. Среќно да ни е пријатели, рече во обраќањето во чест на преземањето на австриското претседателство премиерот Заев.

На свеченоста се обрати и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој го поздрави преземањето на австриското претседателство со благодарност за поддршката од Австрија за Македонија и регионот и најави завршување на домашните обврски на земјава на евроинтеграцискиот пат.

На настанот, меѓудругите, присуствуваа амбасадорката на Република Австрија во Република Македонија, Ренате Коблер, амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Иван Петков, претставници од дипломатскиот кор во земјава, од Владата, од Парламентот, претставници од други институции и организации, граѓани.

(МИА)

Tags: АвстријаЕУЗаевподдршка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ