• Latest

Закон за граѓански здруженија и фондации-појасна слика за македонскиот граѓански сектор

October 26, 2022
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Закон за граѓански здруженија и фондации-појасна слика за македонскиот граѓански сектор

October 26, 2022 14:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

До крајот на октомври Министерството за правда ќе го објави Законот за граѓански здруженија и фондации на ЕНЕР. Во Законот на кој се работи повеќе од година дена, во однос на именување на здруженијата, дополнително е формирано и советодавно тело кое ќе работи токму на оваа проблематика.

„Во меѓувреме ,со цел да се спречат и превенираат одредени состојби, формирано е советодавно тело за давање мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице.Улогата на ова тело ќе биде советодавна, односно ќе дава мислење за карактерот на историските личности, начинот на кој ќе се формираат здруженијата со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекс низ различни епохи.Советодавното тело за својата работа до Владата ќе треба да достави годишен извештај, најдоцна до првата половина на месец март во тековната година за претходната година, заради нејзино информирање“, се вели во соопштението од Правда.

Ваквата реакција и забрзување на процесот на донесување измени во Законот за граѓански здруженија и фондации доаѓа по иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за Предлог-имени и дополнувања на Законот, како реакција на отворањето на клубот „Ванчо Михалјов“ во Битола и „Цар Борис 3“ во Охрид, за кои имаше бурни реакции во јавноста за нивното именуање по личности познати по нивните нацистички и фашитички убедувања.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ влезе во собраниска процедура и допрва се очекува да помине на матичните комисии. Истовремено, пратениците од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ поднесоа иницијатива за Предлог- закон за измени и дополнувања во Законот на политички партии, кој исто така, помина во Собрание. и двата закони имаат цел да не се дозволи формирање или постоење на организации кои: „поттикнуваат и повикуваат на воена агресија и разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка, поттикнување и одобрување на фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх, преземање на активности поврзани со тероризам, преземање на активности кои се спротивни на Уставот или закон и преземање на активности со кои се повредуваат слободите и правата на други лица“.

На ова министерот за правда, Никола Тупанчевски, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека постојниот закон не дозволува големи можности за реакција од Министерството, но со донесувањето на новите измени ќе треба попрецизно да се уреди за да се знае кое тело со какви надлежности ќе биде и за што ќе треба да одлучува.

На оваа тема ЦИВИЛ Медиа разговараше со пратениците Јован Митрески, СДСМ, независната пратеничка, Санела Шкријељ, Маја Морачанин, ДОМ и со Александар Кржаловски, МЦМС и професорката Фросина Ременски.

„Не треба да имаме никаква дилема дека здруженија што предизвикуваат крајно негативни чувства кај граѓаните да дозволиме да се формираат врз основа на веќе постојниот закон. Затоа го прифативме и нивниот закон онака како што е поднесен, без разлика што стварно немаат легитимитет да зборуваат за здруженија на граѓани. Меѓутоа на темата антифашизам или здруженија што се формираат на тој начин, да не можат во иднина да се формираат, а тие што веќе постојат законски да ги променат своите имиња, статути и програми за да можат да продолжат да функционираат, ако не да бидат избришани од Централниот регистар“, смета пратеникот Митрески.

„Ако зборуваме за конкретниот предлог за Измени и дополнувања во Законот за граѓански здруженија и фондации, она од што ние тргнуваме и сметаме дека секогаш треба да имаме таков одговорен пристап кон државата првенствено е токму тоа, интересот на граѓаните и на државата. Од тие причини решивме, по најавите на колешката Мизрахи дека ќе поднесе такви измени, дека ќе ги подржиме тие измени затоа што се однесуваат на темелите и основните вредности на нашата држава“, изјави пратеничката Шкриељ.

За пратеничката Морачанин, антифашистичките, анти-националистичките вредности се дел од програмата на ДОМ, законски решенија  се прифатливи и им даваат поддршка.

„Се надевам дека овие законски измени и ќе се реализираат“, вели Морачанин.

„Можеби треба да се следи тој паритет со измените на Законот за фондации и граѓански здруженија, со рокови. Во тој случај не би бил Централниот регистар што ќе треба да усогласува , туку тоа би бил Граѓанскиот суд, односно судијата за регистрација на политички партии. ВМРО-ДПМНЕ може да има проблем од аспект на оградување од историскиот континуитет преку којшто се редат имињата и на Тодор Александров и на Ванчо Михајлов и тоа може да предизвика одредени несогласувања во Собранието околу тој дел на казните и санкциите и времето на усогласување. Но, јас имам, би рекла, основана резерва дека ние и во идеална ситуација ќе имаме реакции по однос на именување на неспорни историски личности“, вели професорката Ременски околку санкциите кои ги има во Законот за фондации и граѓански здруженија, но не се предвидени во измените на законот за политички партии.

„Непотребно, избрзано решение, но добро е што е со консензус. Камо среќа да имавме за други работи кои се побитни вакво единство во политичките партии во Собранието. За жал, на вакво прашање наводно се покажува единство, а тоа единство требаше да се покаже пред два три месеци кога се гласаше за францускиот предлог, а не се успеа во тоа. Сега по мене, на не толку важно прашање и плус давање муниција особено на бугарските политичари кои таму се маргинални, а ќе го употребуваат овде како уште еден аргумент во нивна полза“, рече Кржаловски оценувајќи ги самите предлози за измена на Законот за здруженија.

Според Кржаловски делот со санкциите кај Законот за граѓански здруженија, е добар затоа што има проблем со претходниот закон каде нема одредба за бришење од регистарот и сега фигурираат 7-8.000 здруженија кои не се пререгистрирани и веројатно се неактивни, а Централен регистар нема можност да ги избришат зошто не пишува во законот што да прават во таков случај.

„Барем тоа ќе се коригира и ќе имаме барем појасна слика кој го сочинува граѓанскиот сектор“, вели Кржаловски.

Во меѓувреме, официјална Бугарија, е незадоволна од ваквите предлози, со можност за ново вето кон Македонија. Заменик министерот за надворешни работи, Костадин Коџобашев ја оцени како неприфатлива иницијативата за законски измени за здруженија и фондации. Според него, Северна Македонија започнала уште една кампања против бугарските организации кои ги загрозувале основните права на Бугарите во земјава.

Б. Ј.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ