• Latest

Залижани лаги

October 10, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Залижани лаги

October 10, 2018 07:57
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

“Денеска општина Аеродром започна со предвидениот план за градење на целосната патна инфраструктура во реонот на населбата Лисиче, како и санирање на дефектите со цел спроведување на водоводната мрежа до сите кои имаат проблеми со водоснабдувањето. Исто така, започна работата за проширување на неколку коловози со цел да се овозможи простор за велосипедистите…”  и тука некој залутан комарец ме разбуди. Го оставив да живее, во знак на почит поради преживувањето на опасните, тивки авиони.

Дамјан Темков

Сите ние сме си правеле и ќе си правиме филмови како функционираат нашите градоначалници, кои им биле приоритетни проекти, како доделувале маркици, ДУП-ови, по колку и на чие име земале станови како поткуп, колку високи цени барале за комуналии и на кој начин селективно биле издавани дозволи итн. Всушност поим немаме и ништо не ни е познато, дури ни тоа дека ДА НЕ БИ БИЛЕ НИЕ, градоначалниците не би биле таму каде што се. Факт е дека најголем дел од луѓето излегуваат на гласање поради наредба издадена од страна на партијата (имаме свеж пример), при што најголем дел од нив немаат поим, а богами и не ни ги интересира за што гласаат. Оттаму, не постои ниту еден единствен градоначалник кој вистински го интересираат проблемите со кои се соочува народот. Примарната цел е остварувањето на интересите на бизнисмените (читај оние кои имаат пари), бидејќи нивната поврзаност со политичарите им е основа за реализација на бизнисите. Меѓу приоритетите  се веројатно и личните придобивки и таму некаде на последно место – нашите интереси.

Кога ќе си го видам мојот Аеродром, ми текнува на модификација од онаа познатата на Љубчо – “Од Аеродром ќе направам Кисела Вода”. Не е многу време поминато од моментот кога гледавме што се случува во Кисела Вода и се чудевме дека имале проблеми со канализација, водовод, паркинг итн. Голем дел од новите аеродромски згради секојдневно се соочуваат со овие проблеми, да не зборувам за санираните дефекти и зад нив оставените дупки. Само Господ знае на што ќе личи населбава за помалку од 2-3 години. Жална е сликата што со години ни се случува пред нос. Мене секогаш ќе ми остане како пример раскрсницата со бекатон плочки, мини црквички и зимзелени ср**а од 350000 евра на кривината после Скопјанка, тој жабарникот кај МЗТ или оние глупите светла карши градилиштето што го одобрил Марин пред некој ден. Уште кога ќе ми каже некој дека убаво изгледало, ми доаѓа да му повратам у фаца од гадење колку смрди во Лисиче, колку патишта не се реконструирани или воопшто изградени и на колку урбани места нема ни вода,а камоли струја. Ама што знам јас, оптеретен со глупости. Еднаш слушнав и дека паркот карши влезот на Пулевски меѓу трите црвени кули и најдолгата зелена зграда (бр. 35), исто така бил предвиден за градење.

Просто и едноставно е, ако нема ќар за бизнисмените, нема да има ни за политичарите, а со тоа ни за трошки за глупите политички војници. Интересот на граѓаните е исклучиво муабет за кампања. А со народ и менталитет како нашиот, кој и да се стави исклучиво во функција на народот, брзо ќе биде елиминиран од неговите. Од друга страна и ние сме за никаде. Замислете, еден градоначалник да каже “Од денес ќе бидат вклучени сите камери на семафорите” – истиот момент ќе биде осуден на пропаст од најголем дел на населението на кое не му одговара да постои таков закон со кој на пример би се спречиле жртви. Одговорот и за ова е прост – за нафатираните тој нема да важи, па зошто да плаќаме само ние обичните смртници?

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

 

Tags: Аеродромбизнисиводавоздухградоначалнициграѓаниживотна срединалагиприоритети
Share49TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ