• Latest

Започнува кампањата „Вакцинирај се“ – за помасовна имунизација и против лажните вести за вакцините

August 23, 2021

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ и МВР разоткрија мрежа поврзана со Иран: Петмина уапсени поради сомневања за подготовка на атентат во Грција

November 18, 2026
„Бољи живот“ - Лидија Вукичевиќ со јогурт на главата, Белград, 17 ноември 2026 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Вучиќ од вториот и третиот чин

November 18, 2026

Кремљовска мрежа ботови „Матрјошка“ поттикнува сепаратизам пред изборите во Шпанија

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Започнува кампањата „Вакцинирај се“ – за помасовна имунизација и против лажните вести за вакцините

August 23, 2021 14:30
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска започнува владината кампања „Вакцинирај се“, за што помасовна имунизација и борба за спречување на дезинформациите и на сите лажни митови за вакцините што се шират во јавноста,  соопштија нејзините промотори премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче

Да го спречиме губењето нови човечки животи, да ги вратиме насмевките на нашите лица, да ги одмориме лекарите, болничарите и медицинските сестри, повторно да одиме на културни настани и спортски натпревари, да го вратиме животот повторно во нормала… ова се само некои од поракитеод кампањата , за која е изработен и видео спот, која ќе трае во наредните неколку месеци.

Заев и Филипче уште еднаш апелираа дека вакцините се безбедни, ефикасни и претставуваат  единствен начин за надминување на пандемијата, за спас од тешките форми на КОВИД и од смртен исход. Достапни се од сите производители, а количествата постојано се надополнуваат со нови пратки.

Премиерот упати и посебна порака до антиваксерите. Рече дека протестот е уставно загарантирано право, но исто такво право е и правото на здравје. Мерките за заштита кои се предлагаат, како  вакцинацијата, повтори, се единствен начин за борба против вирусот.

И тој и министерот Филипче предупредија на опасноста од новиот бран и новиот делта сој. Рекоа дека имунизацијата се зголемува, тече непречено на сите пунктови, но се уште обемот на опфатот не е доволен.

-Обврска на државата е да го штити јавното здравје и да носи мерки, а вакцинацијата е единствен начин за враќање на животот во нова нормалност. Граѓаните мора да ги имаат точните, стручни информации за вакцините. Се наоѓаме во критична фаза поради мутациите на вирусот и новиот бран, но и поради антиваксерското информирање. Фактот дека најголем процент од заразените се невакцинирани, е единствена потврда за ефикасноста на вакцините. Тие се и безбедни. Според динамиката со која бројот се зголемува, пред нас е период кога ситуацијата може да е критична, посебно во средините каде најмалку има вакцинирани, рече Заев и дополни дека новите мерки даваат ефект, а во земјава е надминат бројот од 1,160 милиони аплицирани вакцини.

И Филипче, кој посебно апелира до младите да се вакцинираат, истакна дека вакцината во моментов е најсилното оружје за борба со вирусот, а сите вакцини се безбедни и драстично го намалуваат ризикот од тешка форма на болеста и од смртен исход.

– Имаме пораст на вакцинацијата, но се уште сме далеку од потребниот опфат и излез од кризата. Би сакал на младите да им порачам, вакцинирајте се, заштите се себе си и своите најблиски, подвлече министерот, потсетувајќи и дека меѓу младите има тешки КОВИД случаи.

Тој порача дека ќе продолжи борбата и со дезинформациите кои ги збунуваат и ги плашат граѓаните.

-Наша цел е да ги разбиеме митовите и невистините за вакцините. Ќе побараме поддршка од сите лекари, експерти, лидери… Пандемијата донесе тага, не оддалечи од блиските, ги испразни училишните клупи. Кампањата во наредните неколку месеци потсетува на сите моменти на среќа – патувањата, средбите, дружењата, културните настани, спортските натпревари. Ќе не потсети на се што можеме да изгубиме ако не се избориме со вирусот. Верувам дека овие пораки никого нема да остават рамнодушен. Апелирам до граѓаните – вакцинирајте се. Јавното здравје е заедничка одговорност и зависи од сите нас, рече Филипче.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ