Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев во Софија се сретна со премиерот на Република Црна Гора, Душко Марковиќ.
Двајцата премиери на средбата заеднички заклучија дека регионалната соработка се одвива ефективно, во интерес на потребите на граѓаните и на евро-атлантските интереси на регионот.
На средбата во Софија се разговараше и за реализација на проекти од областа на здравството, во интерес на граѓаните на двете земји, како и за соработката меѓу бизнис коморите нејзино унапредување.
Во таа насока беше истакнато дека од голема важност обезбедувањето авио линија Скопје – Подгорица – Сараево, за која беа споделени најновите информации за реализација на оваа иницијатива.
ЕУ и НАТО, исто така, беа дел о разговорите меѓу двајцата премиери.
„Зголемен е интересот за инвестирање во Македонија по покренатите реформски процеси во државата и отворените перспективи на Македонија за НАТО и ЕУ“, истакна Заев.
Премиерот Зоран Заев е во еднодневен престој Софија за работниот ручек што премиерот на Република Бугарија, земјата претседавач со ЕУ, Бојко Борисов го приредува за Претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер и за лидерите од Западен Балкан.
На состанокот во Софија ќе присуствуваат и еврокомесарот Јоханес Хан и претставничката за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.
ЦМ