• Latest

Заев за „Шпигел“: Име без превод е неприфатливо

February 26, 2018

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев за „Шпигел“: Име без превод е неприфатливо

February 26, 2018 11:48
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за германски „Шпигел“ вели дека очекува да се најде решение со Грција за прашањето за името, но смета оти не е неопходно менување на Уставот и дека евентуалниот договор може да се гарантира со меѓународен договор. Неприфатливо, како што наведува, е менување на името на државата со име кое нема да биде преведено.

Заев вели дека не може да си замисли неуспех на разговорите околу спорот за името.

– Не сакам ни да помислувам на тоа дека нема да има решение во спорот за името. Ние мораме да го решиме овој спор, затоа што само така можеме натаму да се развиваме, да се интегрираме во ЕУ и да станеме напредна држава со владеење на правото. Тоа е добро за целиот регион. Неуспех е незамислив, за Македонија, за целиот регион на Западниот Балкан и на некој начин и за ЕУ“, истакнува Заев во интервјуто за Шпигел, што го пренесува Дојче веле.

Во однос на грчките барања за промени во Уставот, македонскиот премиер смета дека тоа не е неопходно.

– Не гледам никаква причина за барањето името да го менуваме во Уставот, тоа не е достоинствено. На Грција и е потребен доверлив партнер, а не партнер без достоинство. Уставот може да се промени, но тие промени би можеле повторно да се изменат. Најважната гаранција за Грција е решението за спорот за името да биде одржливо. Тоа се прави со меѓународни договори, кои се ратификуваат и важат и во меѓународните организации, наведува Заев.

Предлозите кои деновиве се слушаат од грчки политичари, за менување на името на државата со име кое нема да биде преведено, за Заев се неприфатливи.

– Не можам да препознаам разумни аргументи за такво нешто. Како тоа практично би изгледало, да не се преведува нашето име? Дали треба да ги натераме канцеларката Меркел или претседателот на САД, Доналд Трамп да не нарекуваат, на пример, Severna Makedonija? Таков пример нема никаде во светот“, посочува Заев.

По промената на името на автопатот и аеродромот во Скопје, македонскиот премиер вели дека не се планираат натамошни слични гестови во таа насока, но најавува дека заеднички комисии од двете земји ќе ги преработуваат историските учебници.

Прашан дали германската влада треба поактивно да учествува во разговорите, Заев вели дека и на македонската и грчката им се потребни поддршка и охрабрување.

– Но да се врши притисок врз било која од страните, не е исправниот пат. Никој не може да ни ја одземе самостојната и суверена одлука во спорот за името, додава претседателот на македонската Влада.

Во однос, пак, на можните територијални претензии на кои предупредува Грција, Заев вели дека единствените претензии од Македонија се насочени кон грчките плажи.

– Да, ние сакаме налето да ги окупираме убавите грчки плажи и острови. Повеќе од еден милион Македонци секоја година патуваат во Грција, таму ги трошиме нашите пари, ја сакаме Грција, има многу контакти меѓу бизнисмени и туристи. Но искрено: немаме никакви други окупациски намери, истакнува Заев за „Шпигел“.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ЗаевимеМакедонијапреводПреговориспорШпигел
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ