Национализмот, ќе го снема кога ќе почнеме сите да се сакаме безрезервно. Сѐ дури има „јас имам многу добри пријатели Албанци, колеги, нон стоп се дружиме одам на баклава“, национализмот ќе постои. Ние тука ја правиме поделбата. Јас само што ќе го слушнам тоа, знам дека тој човек има проблем. Ги гледа како различни. Ќе се искорени прво ако тргнеме од себе, второ ако институциите ги оставиме да бидат независни од партиите, и трето, ако граѓанските организации си ја работат работата – баш за она за што ги добиле тие грантови. Друг излез не гледам.
Јане Ѓорѓиоски
„Збогум национализам, здраво безрезервна љубов“
31.08.2020 година