• Latest
Фото: МИА архива и Влада

Збунети, измамени или мудро си молчат – пенизонерите за 9 месеци ќе кажат колку се задоволни од владините ветени 5.000 денари

September 4, 2024

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Збунети, измамени или мудро си молчат – пенизонерите за 9 месеци ќе кажат колку се задоволни од владините ветени 5.000 денари

September 4, 2024 15:29
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Фото: МИА архива и Влада

Фото: МИА архива и Влада

Share on FacebookShare on Twitter

На првата владина седница предводена од премиерот Христијан Мицкоски донесена е одлука за линеарно зголемување на пензиите во септември од 2.500 денари. Второто покачување според одлуката на Владата ќе биде во март 2025 година за 2.500 денари.

Пензионерите се збунети, дали ќе ги добијат парите во септември или во октомври? Дали ќе биде еднократно или секој месец ќе добиваат дополнително 2.500, а од март следната година пензијата ќе им се зголеми за 5000 денари?

Што всушност вети Владата?

Измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување поминаа на Владина седница на 27 август, по што се очекува да влезат во собраниска процедура и за нив да гласаат пратениците.

Измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување поминаа на вчерашната седница на Владата, така што усогласувањето на пензиите ќе биде линеарно нема да биде процентуално како и до сега. Така што најпрвин од овој септември ќе имаме 2.500 денари зголемување, а потоа и од следниот март уште 2.500 денари“, одговори претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски на новинарско прашање, ден потоа, додавајќи дека првото зголемување ќе легне со септемвриската пензија.

Ова со соопштение го потврди и Министерството за социјални политики, демографија и млади во кое се вели: „Со Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, се предлага зголемување на пензиите на 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година. Поконкретно, на 1 септември 2024 година, сите видови на пензии остварени согласно овој закон заклучно со 31 август 2024 година, се зголемуваат за 2.500 денари и на 1 март 2025 година, сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година, се зголемуваат за 2.500 денари“.

Како реагираше опозицијата?

СДСМ како опозиционер излезе со реакција за ваквиот пристап на новата власт кон зголемување на пензиите. Според нив пензионерите се излажани и дека всушност ВМРО-ДПМНЕ не ги зголемува за 5.000 денари како што вети пред изборите.

„ВМРО-ДПМНЕ најавуваше зголемиување на пензиите за 5.000 денари а сега велат дека нема да биде 5.000 денари туку на рати по 2.500 денари и тоа во септември и во март кога секако се зголемуваат пензиите заради усогласувањето. Значи пензионерите би имале секако покачување според методологијата за усогласување во септември и во март. На износот што пензионерите секако би го добиле во септември и во март наредна година ВМРО-ДПМНЕ на тоа додаваат околу 1.000 денари, ништо повеќе. Дополниелно рушењето на системот на усогласување на пензиите со просечната плата, односно со само линеарен раст, има ризик владата во иднина воопшто да не ги зголемува пензиите“, велат од СДСМ.

Според ваквото толкување наместо зголемување од 5.000 денари, всушност пензионерите ќе имаат 1.000 денари плус. 5.000 денари и така ќе ги добиле со усогласувањето на пензиите.

Каде настана забуната?

Тогаш што ги збуни пенизонерите да го очекуваат зголемувањето со августовската пензија, иако и самиот Мицкоски изјави дека тие 2.500 денари треба се очекуваат со септемвриската пензија.

Најпрвин, начинот на кој веста беше пренесена во медиумите. Имено, многу од пензионерите соопштението од МТСП и делот „се предлага зголемување на пензиите на 1 септември 2024 година“, го протолкувале дека парите ќе легнат на 1 септември, односно во период кога се исплаќаат августовските пензии.

Но, според коментарите што пристигнаа во ЦивилМедиа, очигледно, намерно или ненамерно дури и некои од телевизиите при соопштување на информацијата сугерирале дека зголемувањето ќе се случи сега, а не во октомври кога се исплаќа септемвриската пензија.

ЦивилМедиа со прашање до ПИОСМ: Кога пензионерите може да го очекуваат покачувањето и што ја предизвикало забуната кај нив за да го очекуваат покачувањето со августовската пензија?

„Почитувани, во одговор на вашиот мејл, ве известуваме дека во тек е постапка за изменување и дополнување на Законот за ПИО кој се однесува  на линеарното покачување на пензии. По завршување на постапката и донесување на измената на Законот во Собрание на РСМ ќе може со сигурност да одговориме на мејлот. Имајќи го во предвид законското решение и праксата во работењето на Фондот на ПИОСМ линеарното покачување би се очекувало да биде во октомври месец“, одговорија од Фондот.

Според одговорот на ПИОМ може да се заклучи дека линеарното покачување би се очекувало во октомври, заедно со септемвриската пензија. Сепак, тоа се основа на нивната пракса и досегашното работење, но не можат со сигурност да гарантираат дека така ќе биде. Поточно, одлуката зависи од кога Предлог законот ќе се постави на дневен ред во Собранието и кога ќе биде изгласан од пратениците.

Сепак, некој треба јасно да одговори на ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Дали пензионерите се измамени или неинформирани, зошто не им се исплатени дополнителните 2.500 денари?

Ова прашање ЦивилМедиа о постави на своите социјални профили и ги повика сите свои читателки и читатели да одговорат на ова прашање во коментари или во пораки, ако сакаат да останат анонимни.

Коментарите што пристигнаа укажуваат дека иако дел од граѓаните очекуваат покачување во октомври со септемвриската пензија, сепак некои го поставуваат прашањето дали тие 2.500 се плус зголемување, од зголемувањето што следува со усогласувањето два пати во годината во септември и март. Дел од нив, мислат е дека се работи за манипулации, дел дека власта лаже, а има и такви што сметаат дека пензионерите се измамени.

Што понатаму?

Најверојатно ќе треба да се почека септемвриската пензија и да се види што и колку ќе добијат пензионерите. Можеби ќе треба да се почека 9 месеци да се види колку СДСМ се во право или не. А сигурно догодина ќе треба да се потсети премиерот на изненадувањата за пензионерите кои ги наметна во своите изјави.

Биљана Јордановска 

 

Tags: ветувањавладаЗакон за ПИОпензијапокачувањеусогласување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ