• Latest

Здравков: Апелирам до сите чинители на спроведувањето на пописот да покажат висока професионалност во извршувањето на своите задачи

March 5, 2021
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Здравков: Апелирам до сите чинители на спроведувањето на пописот да покажат висока професионалност во извршувањето на своите задачи

March 5, 2021 16:23
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Љубе Здравков, на панелот на ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“ изрази сомнеж од страна на опозицијата,  за начинот на пописот.

Прво би почнал со вашата девиза за ова видување, „Попис: Статистика да, политика не“. Повторување статистички податоци за стратешки цели, да, статистички податоци за политички цели, не, вели Здравков.

Здравков вели дека никој не спори дека пописот е насушна потреба, и дека веќе дваесет години немаме попис, туку само еден обид во минатото, и ги изрази сомнежите на опозицијата околу начинот на спроведување на статистичката операција.

„20 години немаме попис, имаме еден обид пред 10 години и знаеме сите како заврши тој попис, да не навлегуваме во причините. Она што нас како луѓе и функционери и опозиција во државата не кочи и не прави сомничави е начинот на остварување на целата оваа постапка.

– Можеби вие како граѓанска иницијатива малку доцните со ваков настан, можеби требаше да дискутираме пред да се донесе овој закон. Можеби ќе имаше помали сомнежи, можеби ќе имаше решение за целата работа, вели Здравков.

Тоа што за опозицијата предизвикува сомнеж, за да биде поддржан од сите фактори,  според Здравков, е злоупотребата на европското знаме и донесување закон по скратена постапка .

-Нешто за што нема јавна дебата,  нема јавност меѓу граѓаните, нема јавност во собранието. Се донесува по скратена постапка небаре ни гори под нозете. Да, потреба е, но за ваква операција е потребен консензус, и политички, и човечки ,за сите да бидеме задоволни и да добиеме податоци кои ќе ни служат во иднината, за она што служи статистиката. Развојни цели во сите сегменти, здравствени, економски, демографски итн.

-Со собирањето  100.000 потписи се докажува дека колку и да е добра намерата за попис, толку е и голем и сомнежот. Не остваривме комуникација да најдеме заедничко решение,  иако нудевме одредени исправки, или доработка на текстот на законот. Ниту еден амандман на опозицијата не беше прифатен, повторно сомнеж.

Здравков се осврна на спроведувањето на пописот во време на пандемија, заради што повторно има сомнеж од страна на опозицијата.

– Не помина и предлогот за онлајн попис, но ништо не се прифати. Како сега од тој аспект гледано, реакцијата на власта исто пројавува сомнеж дека нешто не е во ред. Пописот е потребен, никој од опозицијата не е повикан, ни на општинско ни на локално ниво не е повикан на бојкот.

Според Здравков, повикот од органите на СДСМ да се пријават како попишувачи исто така предизвикува сомнеж.

– Добро луѓе, сакаме ли да градиме доверба или не? Не знам во иднина како ќе стекнеме еден минимум доверба, да, ние сме комшии и пријатели, но на политичка сцена ние си немаме доверба. Дециден став никој не зазема став дека треба да бојкотира. Ако некој сака да го злоупотреби, нека му служи на честа а тоа во иднина ќе се покаже, изјави меѓу другото Здравков.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Љубе Здравков, на крајот на панелот порача:

-Сите се сложивме дека попис треба, и мора да има, второ, целите кои треба да се постигнат,  и трето, апел до сите структури на извршувањето на овој попис. Очигледно е дека власта нема да го сопре пописот, и нема да го одложи… Апелирам за висока професионалност на сите структури во извршувањето на оваа сложена задача, од првиот, до последниот. Од комисиите, до попишувачите, до анализаторите, и до Државниот завод за статистика, да ја извршат својата задача на високо професионално ниво, да не подлегнуваат на политички притисоци, бидејќи не сме сите исти, и ќе има одредени  притисоци врз самите попишувачи, врз самите институции кои треба да го спроведат пописот. Како граѓанин на оваа држава, ова е мојот апел до сите чинители во овој процес, да постапат високо професионално.

Д. Тахири/ И. Крџиќ

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

фотографија: Мелиса Муриќ

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ