• Latest

Зелен поимник: Слобода, антидискриминација и демократија

October 18, 2021
Фото: скриншот

Францускиот суд ја потврди забраната на Марин Ле Пен да учествува на избори

October 15, 2025
Никица Корубин,  магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка(Фото: ЦИВИЛ)

Корубин: Чувари на демократијата се граѓаните, кои постојано инсистираат на системот, а рушители на демократијата се оние кои го практикуваат системот со авторитарна свест

October 15, 2025

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
Фото: Фејсбук

Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

October 15, 2025

ЦИВИЛ ја отвори дебатата за демократското назадување и улогата на граѓаните како чувари на демократските процеси

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Зелен поимник: Слобода, антидискриминација и демократија

„Откажувањето од слободата значи  откажување од секој човечки квалитет, човекови права, дури и од својата должност ... Да се ​​одземе слободата на својата волја значи да се одземе секој морал од своите дела. “ - Жан Жак Русо

October 18, 2021 16:52
in ЗЕЛЕНИ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

подготви: НАТАША МАЛИНКА МИНОВСКА

Државата е една од најстарите и најзначајни општествени творби, најважен облик на политичкото организирање на општеството. Всушност, современото човештво егзистира исклучиво во рамките на организирани политички заедници – држави. Суштината на општествениот живот и односот на човекот кон општеството и државата како досега најсовршен и најсложен облик на општествено организирање отсекогаш побудувале голем интерес.

Различните толкувања на поимот држава, произлегуваат од неговата динамичност, односно варијабилност. Според општоприфатената дефиниција, државата е организација, основана од заедница на луѓе, населени на одредена територија, заради практикување на определена власт. Концептот на современата граѓанска држава, пак, е всушност концепт на демократска држава, сфатен како форма на општествено владеење и уредување, кое е во согласност со волјата и потребите на народот (од грчкиот јазик, δημος – народ и κρατειν –владеење).

Оваа форма на владеење, овозможува  безусловно задоволување на универзално признатите човекови права и слободи  на секој граѓанин. Но, за функционирање на демократијата, потребно е  исполнување на определени услови. Пред сè, неопходна е стабилност на општеството и државата, но и доволно развиена свест на граѓаните за самата идеја за демократија, вредностите врз кои се темели таа идеја, свест за важноста на земањето учество (посредно и непосредно) во сите форми на одлучување, како и за просперитетот и стандардот на граѓаните.

Од појавувањето до денес, извесно е дека демократијата е единствената форма на владеење и управување што може да ги задоволи, промовира и негува основните принципи на човековите права и достоинство. Низ историјата, таа ја менувала својата форма во согласност со динамиката на вкупните општествени текови, но, до денес останува најпосакуваната форма на општествено уредување, кон која се стреми сиот прогресивен свет.

Демократското општество стимулира и унапредува демократски, односно цивилизациски вредности, како што се: слободата и антидискриминацијата, почитувањето  на човековите права, еднаквост и достоинство…

Разбирањето и употребата на терминот слобода е во непосредна поврзаност со терминот демократија. Се чини,  дека секое демократско општество во поновата историја на човештвото е насочено кон достигнување на слободата, како една од најголемите животни вредности. Како резултат на тоа, секој граѓанин води сопствена битка за да го освои тој благороден идеал.

Но, слободата никако не смее да се интерпретира како чин на самоволие и егоизам, ниту да се практикува индивидуално, независно од секое надворешно влијание. Таа е секогаш поврзана со некаква норма, нужност. Нужноста на слободата е моралот, кој пак е услов за посакуваното вистинско реализирање на човекот.

Во модерната политика, слободата се состои од социјални, политички и економски слободи, специфични слободи и права како: сексуални, етнички, верски, културни,малцински, на кои имаат право сите членови на заедницата. Таа се однесува на отсуството на непотребни ограничувања и можноста за остварување на правата (слобода на говор, слобода на движење) и овластувањата на граѓаните.

Слободата својот правен израз за прв пат го реализира во Американската декларација за независност од 4 јули 1776 година, а потоа и во Француската декларација за правата на човекот и граѓанинот од 1789 година.

Промовирањето на заложбите за недискриминацијата на граѓаните  претставува уште една придобивка на демократските општества. Таа е антипод на феноменот дискриминација, којае претставува  нееднаков третман кон поединци или општествени групи,  врз основа некоја од нивните лични карактеристики.

Тоа резултира со нееднаквост во шансите за остварување на правата загарантирани со уставот и законите, нееднаков третман, маргинализација, исклучување, односно доведување во подредена положба на поединци или групи на луѓе, кои се во иста или слична  ситуација.

Дискриминацијата може да се заснова на различни личните карактеристики, кои се реални или само се претпоставува дека постојат кај луѓето: раса, боја на кожа, државјанство, националност или етничко потекло, јазик, верски или политички верувања, пол, родов идентитет, сексуална ориентација, родови карактеристики, ниво на приход, богатство, раѓање, генетски карактеристики, здравствена состојба, попреченост, брачен и семеен статус, убедување, возраст, изглед, членство во политички и други организации итн.Таа може да се манифестира во различни области на општествениот живот.

Во современото општество има сè помалку земји и средини каде што доминираат некои модели на формална дискриминација, но неформални фактори на дискриминација сè уште постојат во многу од нив.

Затоа, многу земји ја регулираат дискриминацијата со донесување специјална легислатива, која на потенцијално дискриминираните групи или на оние кои биле дискриминирани во минатото им дава различни предности (позитивна дискриминација), со што тие стануваат социјално вклучени и еднакви.

Правото на недискриминација е загарнатирано и неприкосновено човеково право во сите демократски општества.

Во тој контекст, ќе ги споменеме општите принципи на заштита на човековите  права од дискриминација, што се усвоени со Универзалната декларација за човекови права (1948 година во Париз), Европската конвенција за заштита на човековите  права и слободи  (1950 година во Рим, на сила од 1953, до 2004 потпишана од 46 европски земји), како и Конвенцијата на ОН за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (усвоена во 1979 година, на сила во 1981 година).

објавено на: greencivil.mk

Линкови:

 

https://scindeks.ceon.rs/article.aspx?artid=1820-67000802047O

https://www.living-democracy.com/mk/textbooks/volume-1/part-1/unit-1/chapter-1/lesson-2/

https://nova-akropola.com/covjek-i-svijet/aktualno/sto-znaci-biti-slobodan/

https://www.pravdiko.mk/shto-e-demokratija-i-kako-taa-se-razvila/

https://enciklopedija.hr/natuknica.aspx?ID=15411

http://ravnopravnost.gov.rs/diskriminacija/sta-je-diskriminacija/

https://minljmpdd.gov.rs/lat/antidiskriminacija.php

https://www.seminarski-diplomski.co.rs/SOCIOLOGIJA/Demokratija-POJAM.html

http://nomcentarngo.com/demokratija-pojmovi-razvoj-i-sta-dalje-i-deo/

https://bs.wikipedia.org/wiki/Demokratija

http://cgo-cce.org/programi/demokratija/skola-demokratije/#.YVNXIDFByM8

https://www.enciklopedija.hr/Natuknica.aspx?ID=56655

https://zabavninet.info/znacenje-diskriminacija/

https://antidiskriminacija.rs/

https://antidiskriminacija.rs/diskriminacija/

https://minljmpdd.gov.rs/lat/antidiskriminacija.php

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    160 shares
    Share 64 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ